Вести
Вест дека се фрлаат пари го предизвикало смртоносното стампедо во Шангај

Хаосот на новогодишната прослава во кинеската престолнина Шангај во кој 36 луѓе ги загубија животите а 47 се повредени, од кои 13 се во критична состојба, го предизвикала веста за „празнично фрлање пари“.
Хаосот на новогодишната прослава во кинеската престолнина Шангај во кој 36 луѓе ги загубија животите а 47 се повредени, од кои 13 се во критична состојба, го предизвикала веста за „празнично фрлање пари“.
Во стампедото загинаа 28 претежно млади жени, а од вкупно 36 жртви идентификувани се првите десет, на возраст од 16 до 36 години, објавија официјални извори, пренесе државната агенција Синхуа.
Повредените се сместени во најмалку три градски болници, а на лекување се задржани 40. Кинескиот претседател Си Џинпинг во четвртокот нареди отворање истрага која треба да утврди што навистина се случило.
Трагедијата се случи 25 минути пред полноќ, на познатиот преполн плоштад Чен Ји во близина на кејот Вајтан (Банд) едно од најпознатите туристички места во Шангај, кој се протега по должината на реката Хуангпу, каде што традиционално се собираат стотици илјади луѓе за одбележување на календарската нова година.
Според државната телевизија CCTV, очевидци на кинеските социјални мрежи тврдат дека хаосот го предизвикало фрлањето на „новогодишни пари“, слични на банкнотите од 100 американски долари. Објавените фотографии прикажуваат лажни банкноти на кои е отпечатено „Нова година 2015“ и името на клубот од кој биле фрлани.
Веста дека се фрлаат пари ги предизвикала хаосот и стампедото, а потоа и паниката во која некои од жртвите биле изгазени и едноставно смртно згмечени од толпата.
Фотографиите коишто во четвртокот се рашируваат преки социјалните мрежи прикажуваат тела на луѓе без знаци на свет случајни минувачи и припадници на брзата помош како се обидуваат да ги реанимираат. Според локалните медиуми спасувачките екипи ја започнале евакуацијата на повредените претходно.
Треагедија во текот на прославата по повод Новата година, според очевидци, се сличила која кон брегот се упатиле неколку големи групи луѓе, а полицијата не успеал да се справи со толкавиот прилив луѓе. Годинава градските власти токму поради големиот интерес го откажаа традиционалното 3Д ласерско шоу на Вајтан кое минатата година привлече 300 илјади луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.