Македонија
(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече лидерот на ДУИ на брифингот за новинарите, замислата била оваа средба да ги обедини лидерите во заедничките цели што ги имаат партиите.
Ахмети вели дека жали што лидерите од албанскиот блок не дошле иако средбата што зела обврска ДУИ да ја организира тие ја барале.
„Оваа средба ја свикав на барање на другите партии, кои вршеа пртисок да ја организираме. Жал ми е што не дојдоа и не станаа дел од заедничката агенда. Нивното недоаѓање би сакал да не го искористат за дневнополитички цели. Во пресрет сме на значајни политички прашања, ќе ги претставев сите наши ставови и предлози за решавање на проблемите. Секое решение што ДУИ ќе го понуди ќе биде во интерес на земјата и македонските и албанските прашања. Време е да дејствуваме со огнено срце и со ладна глава“, рече Ахмети.
Како што велат од ДУИ, организирањето на оваа средба е резултат на заедничкиот договор што албанските партии го потпишаа по изборите во декември во 2016 година.
На средбата беа поканети Зијадин Села од Алијансата за Албанците, Африм Гаши од Алтернативата, Билал Касами Беса, Мендух Тачи, лидер на ДПА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.