Македонија
(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кои порача дека сака да ги чуе аргументите зошто Албанец не би можел да биде премиер.
Доаде дека тие стојат на оваа барање, кое е дел од преговорите за коалиција.
„Сакам да чујам аргументација по оваа прашање, отворени сме да дебатираме зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е ова прашање, но ќе кажам – колку сме блиску, толку сме далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции за оваа прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот 2 години со 2 или 3 со 1“, рече Ахмети.
Тој вели дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, според него, е невозможна и дека ваквиот чекор би предизвикал мултиетнички тензии.
Црвените линии за договор за коалиција за ДУИ, покрај барањето за премиер Албанец, се и спроведување на преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридскиот рамковен договор и ветинг (проверка) за сите функценери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.