Спорт
Озил: Јас одлучувам кога ќе си одам од Арсенал!

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, во интервју за британски The Athletic раскажа каков е неговиот статус на „Емиратите“. Посебно се осврна на својот договор со кој добива 350.000 фунти неделна плата.
„Две години се обидуваат да ме уништат, да ме направат несреќен, се надеваат дек ќе ги свртат сите против мене и ќе направат лажна слика“, вели Озил.
Германскиот фудбалер со турски корени тврди дека сè до истекот на неговиот четиригодишен договор ќе се бори за место во првата постава на „топчиите“, а клубот ќе го напушти кога тој ќе одлучи.
„Мојата позиција е јасна, тука сум до последниот ден од договорот и ќе давам сè од себе. Ваквите ситуации не може да ме скршат, само ме прават посилен. Јас одлучувам кога ќе го напуштам Арсенал, никој друг ја нема таа моќ. Не потпишав договор на 2 или 3 години, потпишав на 4 години и тоа ќе го почитувам“, вели Озил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“