Црна хроника
Притвор за маж кој од куќа во Охридско украл 30.000 евра
Во притвор заврши 26-годишно лице (М.Н.) од селото Вапила кое извршило тешка кражба.
Како што информираат од полицијата, тој на 4 август, во куќа сопственост на С.П. во селото Лескоец, со употреба на физичка сила и подесен алат влегол и одзел 30.000 евра и 5.000 денари.
М.Н. бил приведен и од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид одредена му е мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола
Вчера во 15:15 часот во село Речане, гостиварско, полициски службеници го уапсија Н.С.(22) поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според информациите на МВР, истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В. (37) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
Според пријавата, на 8 август 2025 година, во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.
По документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Кривична пријава поради небезбедни услови за работа, двајца повредени на скеле во Липково
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на фирма, поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.
Според пријавата, на 14 декември 2024 година, на објект во изградба во село Липково, пријавениот не постапил согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа.
Поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди.
Полицијата наведе дека случајот е целосно документиран и ќе биде доставен до надлежното обвинителство.

