Спорт
Нагелсман имал дуел со Симеоне: Тој сака да победува и на пат кон соблекувалната

Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, вели дека воопшто не размислува за освојување на Лигата на шампионите по среќната победа над Атлетико Мадрид во четвртокот и открива дека имал мала расправија со тренерот на ривалите Диего Симеоне на полувремето од мечот.
Американецот Тајлер Адамс со помош на одбранбените фудбалери на Атлетико го реши мечот во 88. минута за 2:1 победа и дуел со Пари-Сен Жермен во полуфиналето. Лајпциг со победата станаа првиот германски клуб по Баерн Минхен и Борусија Дортмунд кој стигнал до полуфинале по Шалке во 2010/11.
„Како можам да зборувам за титулата? Но, секако, нормално е целта сега да е финалето, а ако стигнеме таму, ќе зборуваме за други работи. Ова е тим што го победи Тотенхем и Атлетико, а не се работи за тренер што ги победил Жозе Мурињо и Диего Симеоне“, вели Нагелсман.
33-годишниот Германец ги отфрла шпекулациите за голем конфликт со Симеоне.
„Симеоне ми честита по мечот и тоа беше искрено. На полувремето имавме мала расправија, но не беше ништо сериозно. Тој е роден победник, кој сака да победува и на патот до соблекувалната. Но, тоа не е лошо. За мене, тој има фантастичен карактер како тренер така што нема пробеми“, додава Нагелсман.
Симеоне го пофали Лајпциг и изјави дека Атлетико нема изговори.
„Не можевме да играме како што сакаме, а тие имаа посветеност, ентузијазам и беа свежи. Немаме изговори. Елиминирани сме фер и мораме да честитаме“, изјави Симеоне.
„Ред бул“ ти дава крилја! Лајпциг со малку среќа во полуфиналето на ЛШ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан испратиле понуда за Бонифејс

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез.
Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер Леверкузен за нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс (24). Според овие извори, Милан за се подготвени да им платат на „аптекарите“ околу 30 милиони евра отштета.
Наводно, челниците на Милан и Бонифејс веќе постигнале договор за платата, а се чека „зелено светло“ од германскиот клуб.
Нигериецот е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Унион Берлин, а пред да дојде во Германија играше и за норвешки Бодо/Глимт, кипарски Лефке и нигериски Реал Сафир. Тој одигра 13 натпревари за нигериската репрезентација.
Спорт
Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.
Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.
Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.
Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.
Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.
Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.
Спорт
Македонија со победа ги заврши мундијалските предквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија.
Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше натпреварот. По водството на Унгарија (12:15), Македонија одговори со серија од 11:0 и до крајот не го испушти водството.
Во последниот период Македонија ја достигна и највисоката предност од 17 поени (76:59).
Вајле ја предводеше Македонија со 23 поени, по 14 постигнаа Митревски и Ташковски.
Foto/ kfsm.mk