Свет
По три недели, Ким го укина карантинот за градот Кесонг
Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, денес го укина тринеделниот карантин наметнат на градот Кесонг и околните области.
Карантинот е воведен кога маж, кој се вратил од Јужна Кореја минатиот месец, имал симптоми на коронавирусот.
Ким ја објави таа одлука на седницата на Политбирото, на која се дискутира за пандемијата на коронавирусот и за реакцијата на поплавите и обилните дождови што ја зафатија земјата, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на севернокорејската агенција КЦНА.
Ким истакна дека посилните гранични контроли треба да останат во сила и им нареди на заедниците да не прифаќаат никаква надворешна помош поврзана со минатонеделните поплави.
„Ситуацијата кога ширењето на коронавирусот се влошува, бара од нас да не прифатиме никаква надворешна помош за да се отстранат штетите, како и за затворањето на границите да биде посилно“, рече Ким.
Од друга страна, Министерството за обединување во Сеул објави дека ќе продолжи да се обидува да обезбеди хуманитарна помош за Северна Кореја како резултат на поплавите, пренесува „Јонап“.
„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во Северна Кореја во деловите погодени од поплавите“, рече портпаролот на Министерството, Чо Хеј Сил.
Минатонеделните поплави оштетија 39.296 хектари засадени со полјоделски култури, 16.680 домаќинства и јавни згради во целата земја беа поплавени и уништени, а оштетени се многубројни патишта, мостови и железници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.
Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.
Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.
Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.
Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.
Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.