Македонија
Велосипедизам на Осоговските Планини и обнова на планинарскиот дом со средства од Европската Унија

Извршен беше увид во градежните работи на проектот „Планински велосипедски рај“ на Осоговските Планини, кој се реализира со средства за локална и регионална конкурентност, финансиран од грант од Европската Унија.
За проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам на Осоговските Планини, со овој проект се предвидени вкупно 30.674.272 денара, од кои 10 проценти се учество на Општина Кочани.
Увидот го извршија вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, преставникот на ЕУ, Никола Бертолини, и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кои одржаа и работен состанок.
Целта на проектот „Планински велосипедски рај“ е да развие уникатно планинско авантуристичко искуство. Тоа ќе се овозможи со изградба и обновување велосипедски планински патеки, обновување на планинарскиот дом и развој на други услуги за поддршка на овој вид туризам.
На состанокот се разговараше и за развој на други инфраструктури проекти во општина Кочани, кои се значајни за подобрување на туризмот и условите во општината.
Преку проектот за Ллокална и регионална конкурентност досега се потпишани 61 договор за реализација на проекти со кои се инвестира во секторот туризам во целата држава. Од нив, 25 се целосно завршени, а во тек е реализацијата на уште 36.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.