Европа
Во делови од Шпанија воведена е забрана за пушење на отворено поради коронавирусот
Две автономни управи во Шпанија воведоа забрана за пушење на отворен јавен простор како мерка против порастот на нови случаи на зараза од коронавирус.
Забраната за пушење на јавни места најпрвин ја воведе провинцијата Галиција, а кон неа се придружија Канарските Острови.
Одлуката е донесена кога здравствените работници предупредија дека оние што пушат не се придржуваат кон правилата за носење маска на јавни места на отворено и може да бидат причинители за ширењето на вирусот.
Во одлуката е наведено дека пушењето е забрането не само на јавни места, како што се улици и паркови, туку и на терасите на рестораните и кафулињата.
Властите уште еднаш потенцираа дека е неопходно граѓаните да ја користат маската веднаш штом ќе ја напуштат куќата, да одржат физичко растојание и да обрнат внимание на хигиената, а со тоа да спречат ширење на вирусот.
Освен во Галиција и на Канарските Острови и во другите провинции во Шпанија, се разгледува можноста за воведување забрана за пушење.
Во Шпанија во последните 24 часа се пријавени 2.935 нови случаи на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.