Спорт
Меси „работи“ за 15.000 евра на час, Роналдо и Нејмар се послабо платени

Очекувано, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најплатените фудбалери на светот.
Аргентинецот е на првото место со 133 милиони евра годишна заработка. Асот на Барса дневно заработува по 364.383 евра или нешто повеќе од 15.000 евра на час.
На листата на заработувачка зад него е Кристијано Роналдо со годишна заработка од околу 120 милиони евра.
Трет на листата е Бразилецот Нејмар кој застана на 96 милиони евра.
Во однос на минутите кои последнив период ги поминува на терен, дефинитивно најмногу зработува Герет Бејл во Реал Мадрид – 39 милиони евра.
Од најатрактивната Премиерлига има само еден играч во оние од топ 10 со екстра заработувачка. Тоа е Рахим Стерлинг од Сити кој годишно заработува по 34 милиони евра.
Останатите фудбалери кои ја сочинуваат топ 10 листата на заработувачка се Антоан Гризман (39 милиони), Еден Азар (35 милиони), Андрес Иниеста (34 милиони), Роберт Левандовски (29 милиони) и Килијан Мбапе со 27 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.
Спорт
Хејс-Дејвис се враќа во НБА, ќе потпише со Феникс Санс

Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс.
По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс Чаранија.
Американецот има договор со Фенербахче до јуни 2027 година, но и клаузула дека може да замине доколку понуда од НБА.
Хејс-Дејвис доби и реши да ја прифати поканата од Феникс, а турскиот клуб како обесштетување ќе добие 900.000 евра.
Со заминувањето на Хејс-Дејвис и приходите од откупот, Фенербахче ќе го олесни буџетот за плати за околу три милиони евра.
Тој беше член на првата петорка на Евролигата две години по ред, а во сезоната 2024/2025 имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.
Исто така, пред две сезони, тој го постави рекордот во Евролигата, против Баерн постигна 50 поени.
Откако не беше избран на НБА драфтот во 2017 година, Хејс-Дејвис играше за Лејкерси, Репторс и Кингс. Тој ја продолжи својата кариера во Европа откако се пресели во Галатасарај, а потоа играше во Жалгирис и Барселона, пред да ја освои Европа со Фенербахче.