Свет
(Видео) По три одложувања лансирана европската ракета „Аријана 5“
По три одложувања, ракетата „Аријана 5“ денеска полета од Коуру во Француска Гвајана, носејќи три сателити за операторите „Интелсат“ и „Б-САТ“, објави веб-страницата „Аријанспејс“.
Европското летало се одвои од земјата во 19.04 часот по локално време или во 00.04 часот спроед времето во Париз. Мисијата треба да трае околу 48 минути, од полетувањето до одвојувањето на сателитите.
Полетувањето, првично закажано за 28 јули, за прв пат беше одложено со цел да се извршат дополнителни технички проверки, а потоа повторно заради невообичаено однесување на сондата во резервоарот со течен водород во главната криотехничка фаза. Третото одложување во четвртокот беше поврзано со силните ветрови во горната атмосфера.
Ова е прво лансирање на „Арианеспејс“ од затворањето на европскиот вселенски космодром, кое го прогласи Националниот центар за истражување на вселената (ЦНЕС) кон средината на март, поради Ковид-19.
Ариана 5 носи со себе два телекомуникациски сателити (Галакси 30 и БСАТ-4б) за операторите Интелсат и Б-САТ и сателитско одржување (МЕВ-2) што ќе се поврзе со друг уред кој е веќе во орбитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, на сила црвено предупредување
Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини.
Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри дури од недела.
27.11.2025#Greece
Civil Defense issued a red alert for parts of Western Greece due to storms. A magnitude 112 storm was recorded in Corfu and in Aetolia and Acarnania, causing roads to be flooded and rivers to overflow their banks.@meteohellas pic.twitter.com/KTfXl8eIhX— Climate Review (@ClimateRe50366) November 27, 2025
Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите можат да бидат придружени со град и многу силни ветрови.
Καλημέρα#Rain #storm #athens pic.twitter.com/AiDXwElNTy
— Dimitrios Karvountzis (@DKarvountzis) November 28, 2025
Цивилната заштита е во целосна готовност.
По состанокот на Комитетот за проценка на ризик, државниот апарат беше активиран во областите каде што се очекуваат најинтензивни катастрофи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за Северниот Егеј и Додеканезите.
Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.
Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.
Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидики, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: САД ѝ ги предадоа на Русија параметрите на мировниот план финализирани во Женева
Вашингтон ѝ ги испрати на Москва параметрите на својот мировен план за Украина, прилагодени по консултациите меѓу САД и Украина во Женева, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Главните параметри се објавени, а следната недела ќе има разговор во Москва“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
Тој исто така рече дека Москва навремено ќе го објави точниот датум на пристигнување на претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф во Москва, со кого руската страна ќе разговара за деталите од мировниот план.
На 23 ноември во Женева се одржаа преговори меѓу украински, американски и европски претставници за нацрт-мировниот план презентиран од Вашингтон за завршување на војната во Украина.
По преговорите меѓу делегациите на двете земји во Женева, Украина и Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат на заеднички предлози за мировен договор. Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави дека американскиот план може да биде основа за украинското решение, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Орбан на средба со Путин во Москва, објави што сака
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за да разговара за снабдувањето со сурова нафта и гас на Унгарија и мировните напори во Украина.
Орбан одржува блиски врски со Москва и покрај војната во соседна Украина, а Унгарија останува во голема мера зависна од руската енергија, и покрај напорите на Европската Унија да ја намали зависноста.
Орбан го објави својот план за средбата со Путин на неговата „Фејсбук“ страница. „Одам (во Москва) за да обезбедам снабдување со енергија на Унгарија за зимата и следната година“, рече тој. На прашањето дали мировните напори во Украина ќе бидат исто така на дневен ред, Орбан рече: „Тешко можеме да го избегнеме тоа“.
САД овој месец ѝ дадоа на Унгарија ослободување од санкциите за користење на руска нафта и гас, откако Орбан инсистираше на одложување за време на средбата со претседателот Доналд Трамп во Вашингтон.
Орбан претходно изјави дека сака да ги оживее плановите за „мировен самит“ во Будимпешта меѓу Трамп и Путин за Украина, кој беше одложен оваа година. За разлика од повеќето лидери на НАТО и Европската унија, Орбан одржува срдечни односи со Русија, додека ја критикува западната воена помош за Киев.
Унгарија годинава увезе 8,5 милиони тони сурова нафта и повеќе од 7 милијарди кубни метри природен гас од Русија, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи.
фото:епа

