Спорт
Струга 2020: Битолски Еурофарм Пелистер го среди скопски Вардар, 26-23
Битолски Еурофарм Пелистер со 26-23 вечерва славеше против скопски Вардар во финалниот меч од ракометниот турнир Струга 2020.
Во првото полувреме двете екипи имаа расположени стрелци, се играше изедначен ракомет, па затоа на одмор се замина со 13-13.
Во второто полувреме Еурофарм Пелистер почна да се одлепува, „црвено-црните“ не успеваа да парираа, па на средината од вториот дел екипата од Битола имаше +4 21-17.
Неколку промашени зицери за европскиот шампион го чинеа пораз од 26-23 пред официјалниот почеток на сезоната.
Тимот од Битола дојде до 12-тиот пехар на турнирот во Струга.
Финишот на мечот ја расипа ракометната претстава, настана мешаница на теренот, па црвени картони кај Вардар добија Талески и Стоилов, а кај Еурофарм Пелистер поцрвене Кушан.
За најдобар голман на струшкиот турнир беше прогласен Градимир Чаневски. За МВП на Струга 2020 беше прогласен Хрватот Стипе Мандалиниќ, а најдобар стрелец беше Тимур Дибиров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот
Во Реал Мадрид се уште не можат да се помират со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка.Првиот човек на клубот, Флорентино Перез во својот говор на Генералното собрание на Реал, говореше и на оваа тема.
На неодамнешното доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, лауреат стана фудбалерот на Манчестер сити Родри. Фактото дека Винисисус не ја доби Златната топка не му се допадна на Реал Мадрид. Перез и забрани на делгацијата да отпатува во Париз.
Потоа стигнаа пораките за поддршка на Винисиус од клубот, соиграчи од Реал, а сега стигна јавно дојде и поддршката од претседателот на Реал.
„Винисиус, ти си најдобриот играч на светот. Сакам да знаеш дека навивачите на Реал Мадрид се горди на тебе, за се што требаше да издржиш во нефер времиња и моменти, а сето тоа те направи играчот што си денес“, рече Перез.
Пораката на претседателот на Реал повторно одекна и донесе разни коментари, но дефинитивно е дека тој повторно успеа во намерата, да го сврти вниманието кон Реал Мадрид и Винисиус.
Спорт
Терие во аут до крајот на годината
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Мартен Тиери ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради скршеница на раката.
Французинот се повреди вчера во убедливиот триумф над Хајденхајм (5:2) во натпреварот од 11. коло на Бундеслигата.
Само неколку минути по влегувањето на теренот, Тиери се здоби со фрактура на раката. .
„Операција не е неопходна и Тиери треба да му биде на располагање на освојувачот на на германската „двојна круна“ на почетокот на новата година“, објави клубот.
Тиери по четири години во Рен летово потпиша за Баер, со клубот потпиша петгодишен договор.
Бранителот на титулата не блеска во германскиот шампионат, а Чаби Алонсо поради повреди не може да смета на уште двајца напаѓачи, Виктор Бонифејс и на Амин Адли.
Спорт
Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа
Фото/ facebook.com/fcsileks
Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тикве, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај АП Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт.
По некомплетното 15.коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може да им се приклучи и Шкендија доколку слави во Битола кај Пелистер.
Пред новите газди и на прославата на 35.годишнината од формирањето на навивачката група, Шкупи не успеа да го избегне поразот од Силекс. Екипата од Кратово победи со головите на Додев во седмата и 44.минута.
Во исто време Гостивар дури во финишот успеа да го скрѓи отпорот на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол беше Машике во 84.минута.
Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа, во која четири пати ремизираше и запиша еден пораз. „Романтичарите“ имаа минус од еден гол против Беса (стрелец Ракип во 22. минута), н0 во продолжение возвратија со четири гола. Содик во 27.минута изедначи, а потоа во интервал од 60 до 76.минута најпрвин погоди Гандо, а потоа со два гола Регба го постави конечниот резултат 4:1.
Брера и Струга во Струмица постигнаа по еден гол и освоија по еден гол. Интересно во 60 секунди беа постигнати головите, Тодоровски погоди за Брера во 59., а веќе во следната минута возврати Укпа.
Табела: