Свет
Речиси сите сегашни случаи на Ковид-19 во Викторија се поврзани со хотелите за карантин
Речиси сите моментални случаи на Ковид-19 во австралиската сојузна држава Викторија можат да се поврзат со патници кои се вратиле во државата и биле во карантин, покажала државната истрага.
Исто така, откриено е дека здравствените власти дале неадекватна насока на хотелите кои служеле како карантин, пишува Би-би-си.
Австралиските медиуми наведуваат дека на обезбедувањето на објектите им било кажано дека маска и друга заштитна опрема не се потребни ако се држи физичка дистанца од 1,5 метар.
Викторија се наоѓа во карантин поради втор бран на пандемијата. Во Мелбурн на 2 август беа воведени строги мерки за ограничување, кои би требало да останат на сила шест недели.
Во оваа држава вчера беа забележани 282 нови случаи на коронавирус и 25 смртни случаи, што е најголем дневен број на починати од почетокот на пандемијата.
Кон крајот на март австралиската сојузна влада соопшти дека сите кои се враќаат од странство мораат да одат во карантин, кој ќе го спроведат одделни држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд
Будистичкиот манастир во централен Тајланд е под истрага по откривањето на 41 тело за кои се верува дека биле користени за специјална практика на медитација, соопшти полицијата.
Телата се откриени во саботата во манастирот Па Нахон Чаибоворн во централниот дел на земјата, соопшти полицијата, додавајќи дека кај секое тело биле пронајдени документи – потврда за смрт и потврда за донација тело.
Полицијата треба да провери кај семејствата на починатите дали доброволно ги дале телата.
„Сакаме да се увериме дека ниедно тело не е украдено“, соопшти полицијата.
Потрагата беше почната неколку дена откако полицијата во средата откри 12 тела во друг манастир во соседна провинција, објавија локалните медиуми.
Поглаварот на манастирот во провинцијата Фичит, каде што беа пронајдени 41 труп, Ајарн Саифон Фандито, рече дека употребата на труповите е дел од „техниката на медитација“ што тој ја развил.
„Многу од оние кои доаѓаат да учат се верници и сите овие монаси го пренесуваат тоа знаење. Не знам колку од нив ја прифатија мојата техника“, рече тој.
Поглаварот на манастирот рече дека „практичарите медитираат во павилјони во кои има ковчези со човечки останки“.
Полицијата во Фичит соопшти дека работи со властите во другите провинции за да утврдат дали оваа практика е широко распространета.
Овој метод на контемплативна медитација со трупови во различни фази на распаѓање се појавила во Тајланд во 18 век и била широко распространет до 20 век кога почнала да исчезнува.
Свет
Иран започнува нуклеарни преговори со три европски сили
Иран планира да одржи разговори за својата спорна нуклеарна програма со трите европски сили на 29 ноември во Женева, објави јапонската новинска агенција Кјодо, неколку дена откако Агенцијата за атомска контрола на ОН усвои резолуција против Техеран.
Иран одговори на резолуцијата предложена од Велика Британија, Франција, Германија и САД со, како што ги нарекоа владините претставници, различни мерки како што се активирање на бројни нови и напредни центрифуги, машини кои збогатуваат ураниум.
Кјодо известува дека владата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан бара решение за нуклеарниот ќор-сокак пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во јануари.
Висок ирански претставник потврди дека средбата ќе се одржи следниот петок, додавајќи дека „Техеран отсекогаш верувал дека нуклеарното прашање треба да се реши по дипломатски пат. Иран никогаш не ги напуштил преговорите“.
Во 2018 година, тогашната администрација на Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со шест големи сили и повторно воведе строги санкции кон Иран, што го натера Техеран да ги прекрши нуклеарните ограничувања од договорот со потези како што се обнова на залихите збогатен ураниум, негово рафинирање и инсталирање напредни центрифуги за забрзување на производството.
Индиректните разговори меѓу администрацијата на претседателот Џо Бајден и Техеран да се обидат да го оживеат договорот не успеаја, но Трамп на кампањата во септември рече: „Мораме да се договориме, бидејќи последиците се невозможни. Мораме да се договориме“.
Свет
Песков го обвини Бајден дека ги поткопува мировните планови на Трамп за Украина
Москва ја обвини администрацијата во заминување на американскиот претседател Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина.
„За време на изборната кампања, Трамп зборуваше дека сака да постигне мир на некој начин и ги водеше сите кон мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската телевизија.
„И сега прават се’ што можат за да ја ескалираат ситуацијата на таков начин што мировните договори се осудени на неуспех“, рече Песков.
Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, рече дека брзо ќе дејствува за да стави крај на војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од илјада дена. Сепак, тој се уште не кажал никакви конкретни планови.
Пред коментарите на Песков, Бајден ја овласти Украина да користи американски ракети со долг дострел ATACMS против воени цели во Русија. Бајден планира да прости и дел од долгот на Украина.
Песков рече дека администрацијата на Бајден покажала дека ќе направи се за да не заврши оваа војна и дека сакаат да го ограничат Трамп и му се одмаздуваат поради изборниот пораз.