Македонија
ДУИ: Опозицијата јавно вети оставка по поразот
Недостоинствената, подмолна и деструктивна опозиција, која секој ден ги менува своите ставови и поставува услови само за Албанците, продолжува да стои на приемните шалтери на ходниците на СДСМ и на ВМРО со единствена цел да ги поткопа националните интереси и да ја избегне одговорноста за нивниот длабок пораз, обвини ДУИ.
„Албанците не заслужуваат опозиција без демократски капацитети и без политички морал да сносат одговорност пред гласачите и пред партиските тела.
Изгубивте на парламентарните избори во 2016 година, потоа изгубивте на локалните избори во 2017 година, изгубивте и на референдумот затоа што бевте единствени Албанци кои го бојкотиравте референдумот за НАТО и ЕУ, изгубивте на претседателските избори во 2019 година, но и на локалните избори во Дебар во 2019 година, за конечно да изгубите на парламентарните избори оваа година, додека исто бевте поразени на сите избори кога бевте дел од другите партии од 2002 година.
Кога ќе ја ослободите узурпираната опозициска сцена исполнета со рекордни загуби?
Јавно ветивте дека ќе поднесете оставка за вашиот пораз, бидете достоинствени, одржите го својот збор и покажете демократски капацитет и не потценувајте ги Албанците.
Наместо да го напуштите недостоинственото стоење зад вратата и по ходниците на СДСМ и ВМРО со молби до нив албанските барања да не се реализираат, вие одлучивте да ја напуштите заедничката средба на албанските парламентарни партии.
Албанскиот народ никогаш нема да ви прости за ова понижување и ова недостоинствено однесување на албанската опозиција.
ДУИ и Ахмети ќе продолжат со напорите да постигнеме достоинствена опозиција затоа што тоа го заслужуваат опозициските гласачи и албанскиот народ, додека вие ќе бидете запаметени како Албанците кои работеа против Албанците и вечните посетители на ходниците на СДСМ и ВМРО“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

