Спорт
Силва го откачи Лацио, се враќа во татковината, во Реал Сосиедад
Довчерашниот фудбалер од средниот ред на Манчестер сити, Шпанецот Давид Силва, по 10 години реши да ја промени средината. Сите медиуми, пред сè италијанските, пишуваа дека тој речиси сигурно се сели во Рим, во тимот на Лацио, но настана пресврт во целата ситуација. Иако имаше шпекулации дека Пирло и Јувентус „пред нос“ ќе го украдат Силва од „небесносините“, сепак, Шпанецот решил да се врати во татковината.
Давид Силва потпишал договор со Реал Сосоедад и се враќа во Ла Лига. Пред 10 години како играч на Валенсија си отиде од Шпанија за да потпише договор со „граѓаните“ од Манчестер.
Силва го одби договорот на Лацио со кој од римскиот клуб му понудија 12 милиони евра за тригодишна верност. Сепак, Сан Себастијан ќе е следната дестинација на плејмејкерот.
? Tenemos el honor de anunciar que uno de los grandes se une a la familia txuri urdin…#OngiEtorriDavid #AurreraReala pic.twitter.com/r152Q2rATl
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) August 17, 2020
Инаку, вчера беше соопштено дека за своите успеси и залагања за Манчестер сити Силва ќе добие статуа пред „Итихад“:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гризман на принудна пауза
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ е во осминафиналето на АО, со мали проблеми го победи Ван Зандшулп
Новак Ѓоковиќ, по речиси три часа игра успеа да се пласира во осминафиналето на Австалија опен. 10-кратниот шампион во Мелбурн, 18-ти пат во кариерата ќе игра во осминафиналето на првиот гренд слем турнир во сезоната.
Новак Ѓоковиќ славеше победа над Ботик ван ден Зандшулп 3:0 (6:3, 6:4, 7:6). за Србинот ова е јубилејна 400-та победа на гренд слем турнирите.
Уникатен е во тој поглед, вклучувајќи го машкиот и женскиот тенис.
Меѓу неговите колеги, по него следуваат Роџер Федерер (369), Рафаел Надал (314), Џими Конорс (233), Андре Агаси (224).
400 – Novak Djokovic (400) is the first male or female player in the Open Era to claim 400 Singles match wins at Grand Slam events. Milestone. #AusOpen | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/zfQNHVIGOc
— OptaAce (@OptaAce) January 24, 2026
Ѓоковиќ речиси перфектно одигра сет и половина. Го доби првиот, а во вториот со два брејка поведе со 3:0. Холанѓанеот не се предаде врати еден брејк, не успеа да го одбрани сетот, но го подготвеи теренот за она што ќе се случува во третиот сет.
Најголемиот преодозвоик досега на турнирто за Ѓоковиќ беше третиот сел. Ван Зандшулп прв направи брејк, Ѓоковиќ експресно возврати. Со помали или поголеми проблеми потоа двајцата ги добиваа своите сервис гемови.
Драма се случуваше во 11-от гем, кга Ѓоковиќ спаси две сет топки. На крајот релативно лесно го доби тај-брејкот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.
Foto/EPA

