Свет
Криумчарите на луѓе рекламираат на „Фејсбук“ лажни „крстарења“ во Европа
Криумчарите на луѓе во Турција наводно ги рекламираат своите услуги под маската на лажни „крстарења“ на „Фејсбук“, нудејќи им на мигрантите да ги превезат во Италија за 5.500 евра, пренесува „Ил џорнале“.
Патувањата на „Фејсбук“ се рекламираат како три до четиридневно патување на јахта од Турција до сицилискиот брег на страницата „ The Road to Europe“ при што возрасните плаќаат целосна цена, половина цена за деца на возраст од 4 до 10 години, а за деца до три години патувањето е бесплатно.
Според „Ил џорнале“, криумчарите исто така нудат премин од Србија во Австрија, рекламиран како „кампување за 4.000 евра“. Друго патување по море им се нуди на мигрантите од грчкиот остров Родос за значително поевтини 2.100 евра.
Весникот исто така тврди дека криумчарите нудат фалсификувани пасоши и визи за мигрантите од која било земја што сакаат да ја посетат, а цената е 9.000 евра за европски визи и 11.000 евра за Велика Британија. Тие нудат и лажни возачки дозволи и лични карти за цена од 500 до 800 евра.
Во претходните години криумчарите на луѓе нудеа слични „ол инклузив“ пакети за мигрантите со доволно пари за да си ги дозволат.
Во 2019 година иследниците го опишаа трендот како криумчарење во „прва класа“, што чини дури 10.000 евра по лице. Во 2017 година, еден Камерунец кој живее во Мароко тврдеше дека криумчарите нудат слични пакети за Шпанија.
„Размислете за тоа, со неколку стотици бегалци можете да заработите повеќе од милион евра за еден ден“, рече човекот.
Криумчарите на луѓе и во минатото го користеа „Фејсбук“ како начин за рекламирање на своите услуги, честопати претставени како „туристички агенции“.
Активноста на криумчарите на „Фејсбук“ и услугата за криптирани пораки Whatsapp е забележана и критикувана од Меѓународната организација на ОН за миграција, во 2018 година го повика гигантот на социјалните медиуми да направо повеќе за борба против овој проблем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.