Свет
Жестока дебата за случајот со кинескиот амбасадор, кој беше снимен како гази по луѓе
Фитографијата на кинескиот амбасадор во Кирибати како гази по луѓе иницира жестока дебата. Многумина беа згрозени, други велат – тоа е традиционално добредојде. Многумина го толкуваа како симболично прикажување на растечкото влијание на Кина во Пацификот, а други тврдат дека станува збор за традиционална пракса, која била погрешно протолкувана.
Фотографијата од пристигнувањето на кинескиот амбасадор Танг Сонген го прикажува како гази врз грбот на млади мажи легнати на земјата. Амбасадорот се држи за рацете на две жени облечени во традиционални носии.
I simply cannot imagine any scenario in which walking on the backs of children is acceptable behavior by an ambassador of any country (or any adult for that matter!) Yet here we are thanks to #China’s ambassador to Kiribati. https://t.co/HcJqfbaKzg
— Constantine Panayiotou (@DAOSuva) August 16, 2020
Многу набудувачи ја карактеризираа сликата како симболично прикажување на растечкото влијание на Кина врз нацијата во архипелагот, а жителите на Кирибати објаснија дека станува збор за обичај и дека фотографијата е намерно погрешно толкувана.
„Едноставно, не можам да замислам никакво сценарио во кое одењето по грбот на децата е прифатливо однесување за амбасадор (или кој било друг возрасен човек)“, напиша на „Твитер“, Константин Панајотиу, аташе за одбрана на САД на пет пацифички острови, вклучувајќи го и Кирибати.
Lots of chatter over 1st pic of traditional welcome for Chinese dignitary to #Kiribati; Hardly a peep about 2nd at past PIFS summit in Cook Is; 3rd Samoan siva; 4th Tongan Princess welcome… I don’t think we need to explain our customs, so let’s just say cultural context is key. pic.twitter.com/vEkkoGeP4K
— Josephine Latu (@JoLatuSanft) August 17, 2020
Австралискиот пратеник Дејв Шарма, кој некогаш работел во мисијата во Папуа Нова Гвинеја, исто така изјави дека е изненаден од оваа фотографија.
Од друга страна, многу жители на Кирибати посочуваат дека ова е вообичаена пракса и дека овој формален гест за добредојде е изваден од контекст.
„Ова е знак на почит што островјаните го покажуваат кон гостите“, напиша Адлих Зтукс.
Антропологот Катерина Теаива рече дека оваа симболика покажува чест и гостопримство, а не послушност, пренесува „Гардијан“.
„Познато е дека луѓето ги следат обичаите на својата земја. Треба да бидете помалку хистерични во врска со тоа и да покажете поголема почит кон разновидноста на пацифичките обичаи. Островјаните треба да имаат право на културно самоопределување“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

