Спорт
Приштина имаше осум позитивни на Ковид-19, Гибралтар не дозволи меч!
Мечот од квалификациите за Лига Европа помеѓу клубот Линколн од Гибралтар и косовска Приштина не се одигра бидејќи дури осум фудбалери на косовскиот клуб биле позитивни на Ковид-19.
И покрај инсистирањето на управата на Приштина дека имаат доволно фудбалери да го одиграат мечот, властите во Гибралтар не дозволиле одигрување на мечот.
„Властите не дозволуваат да се одигра мечот, а тимот мора да се врати веднаш во Косово. Според нив, УЕФА може да го премести мечот во некоја од четирите неутрални земји: Унгарија, Полска, Грција или Кипар“, вели претседателот на Приштина, Авни Дурмиши, на официјалниот фејсбук-профил на клубот.
Ова е вторпат косовски клуб да биде спречен да игра во европските купови откако УЕФА не дозволи да се одигра квалификацискиот меч од Лигата на шампионите помеѓу Линфилд и Дрита бидејќи двајца фудбалери на косовскиот клуб беа позитивни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Аморим не успеа да победи на дебито – Јунајтед освои бод во Ипсвич
Фудбалерите на Манчестер јунајтед на дебито на тренерот Рубен Аморим ремизираа со Ипсвич на гостински терен 1:1, во рамките на 12. коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ одлично влегоа во натпреварот, но не успеаја да победат.
Во втората минута гостите поведоа со 1:0, откако Маркус Рашфорд ја искористи лошатареакција на голманот Муриќ и погоди на асистенцијата на Амадо Диало.
Сепак, до крајот на првото полувреме Ипсвич успеа да се врати во мечот и да израмни. Се играше 43. минута кога Омари Хачинсон постигна гол за 1:1 по додавањето на Вес Барнс.
Ипсвич беше поконкретен, создаде повеќе шанси, но не успеа да дојде до пресврт.
На крајот, Аморим може да буде и задоволен со освоениот бод на дебито во Премиер лигата.
Јунајтед е на 12. позиција во Премиер лигата со 16 бодови, со по четири нерешени, порази и победи. Ипсвич е на 18. позиција со девет бодови.
Во следното коло Јунајтед на домашен терен ќе го пречека Евертон, додека Ипсвич ќе гостува кај Нотингем Форест.
Спорт
Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот
Репрезентацијата на Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот. Во финалето Италија ја победи Холандија.
Победата на Италија и ја донесоа во сингл Матео Беретини и Јаник Синер. Двајцата славеа над Ван Знсхлуп односно Грикспор без загубен сет.
Синер стана првиот играч во историјата на тенисот кој во иуста сезона покрај Дејвис купот, освоил најмалку два Гренд слема и завршниот Мастерс.
Годината ја заврши со 73 победи и шест порази и е првиот играч од 1993 година кој успеал да ги освои завршниот Мастерс и Дејвис купот во иста сезона.
Покрај Австралија опен, Ју-ес опен, завршниот Мастерсот во Торино и Дејвис купот, тој ги освои и Ротердам, Мајами, Хале, Синсинати и Шангај, а годината ја заврши на првото место со дури 3.915 бодови повеќе од првиот вицешампион Саша Зверев.
23-годишниот Италијанец стана вториот играч во историјата на тенисот, а прв по Роџер Федерер во 2005 година, кој успеа да ја заврши сезоната без ниту еден пораз во меч одигран во два добиени сета.
На секој одигран меч во 2024 година освои барем по еден сет, а ги имаше 79, што никогаш не успеаја ниту на Новак Ѓоковиќ ниту на Рафаел Надал.
Спорт
Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија
Фото/ fiba.basketball
Минимални се шансите на Македоноја да избори пласман на Европскот првенство во кошарка. Вечерва македонските кошаркари, во Клаипеда доживеаја пораз во Литванија 94:72.
Литванската публика сведочеше на симултанката на Ненад Димитријевиќ. Додека беше на теренот нашиот тим имаше активен резултата. Кога тој се повреди играта на репрезентацијата се распадна и Литванците запишаа убелива победа.
Димитиријевиќ за нецели 30 минути, колку што мина на теренот, постигна 43 поени (28 од нив постигна во првиот дел), на кои придодаде четири скока и шест асистенции.
Со Димитирјевиќ на теренот Македонија на полувреме имаше предност 43.46, а решавачкиот период Литванија го започна со 64:62. Димитријевиќ се повреди кога Литванците имаа 75:67.
Nenad Dimitrijevic suffers an injury and is carried off during the game against Lithuania 🤕 #EuroBasket pic.twitter.com/kzxrI0qc4b
— BasketNews (@BasketNews_com) November 24, 2024
Со третиот пораз во четвртиот натпревар, Македонија на минимум ги сведе шансите за пласман на ЕП. До крајот на квалификацискиот циклус, Македонија во февруари наредната година ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска.
NENAD DIMITRIJEVIC WITH 28 PTS AT HALF-TIME 🇲🇰#EUROBASKET X #MAKEYOURMARK pic.twitter.com/TFrfMrO7b6
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) November 24, 2024