Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Сарај, Аеродром и Ѓорче Петров
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје.
Па така, од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат булеварот Борис Трајковски б.б објект на „Гранд експорт“ и „Деон“ АС во кругот на поранешна стакларница и другите објекти во непосредна близина (општина Кисела Вода); од 8:30 до 12:30 часот улицата Сава Динкова во населбата Драчево (општина Кисела Вода), од 9:00 до 14:00 часот: дел од улицата со број 1 во село Љубин (општина Сарај); од 8:30 до 15:00 часот: ул.Тодор Чангов (општина Аеродром) и од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Место две, ќе работи по една операциона сала, но во две смени за да се оперираат и итни и пациенти со закажани операции со еден сад за воздух
По хаваријата во системот за снабдување со кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, заменик – министерката за здравство, Маја Манолева извести дека привремено решение е најдено со нови надворешни компресори кои најдоцна до денес треба да бидат распоредени до сите клиники кои имаат потреба. Утрово се сретнала со директорите на клиниките и договориле освен работа во две смени, за што добиле наредба вчера, да се реорганизира работата во операционите сали кои имаат проблем со доставувањето воздух.
„Со наредбата што ја добија вчера хируршките клиники беа задолжени да организираат работа во две смени со цел да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори кои може да ги користат операционите сали. Беше договорено, операционите сали, на пример место да работат две, да работи само една, но во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали“, рече Манолева.
Бидејќи нема доволен број надворешни компресори, ги задолжила директорите на клиниките во итна постапка секој да набави по два- три кои би се користеле до целосно надминување на проблемот во централната компресорска станица. Манолева смета дека е потребна целосно нова компресорска станица, на нова локација оти сегашната е стара три децении и потребна е целосна замена на системот за што ја задолжила Службата за заеднички работи во чија надлежност е станицата.
Додека не почнат салите да работат со полн капацитет, Манолева вели дека персоналот им стои на располагање на Градската општа болница „8 Септември“ и на хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ кои ги презедоа пациентите на кои им се потребни операции.
„Имаат отворена понуда за персонал подготвен да помогне“, вели Манолева.
Ги задолжила директорите на неделно ниво да доставуваат извештаи за побаран и обезбеден персонал за „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“, а побарала и извештаи на дневно ниво за сите сработени итни и елективни интервенции кои се направени на секоја од клиниките посебно оти од петокот навака веќе се прават операции и во хируршките клиники.
Резултати од анализите на примероци од гасот, кои се испратени во Германија, се уште нема. Манолева очекува првични резултати да стигнат порано, но за конечните ќе треба да се почека.
Целиот случај е пријавен во Обвинителството од кое Манолева очекува да утврди чија е вината и чија одговорност е хаваријата со системот за воздух во клиничкиот центар.
На средина на минатиот месец се појави миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух поради што беа затворени хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за кои сега Манолева вели дека делумно функционираат со надворешни компресори.
Македонија
Со која било полиса за осигурување склучена преку MintIns клиентите ќе добијат членство во Interdomestik
Соработката помеѓу MintIns и Interdomestik гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку MintIns сега ќе добијат членство во Interdomestik.
Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи:
– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:
– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка
Оваа иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети. Ветува позитивно да влијае на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.
Придружете ни се на овој значаен настан и бидете сведоци на потпишувањето на договорот кој најавува нова ера во осигурителните услуги.
ПР
Скопје
Андреј Темов од Кисела Вода стана државен шампион во тенис до 12 години
Кисела Вода доби државен шампион во тенис! На Државно првенство на Македонија за јуниори до 12 години, кое се одигра денес, титулата најдобар ја понесе Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески.
Градоначалникот Ѓорѓиевски кој го бодреше, му ја честиташе победата и му посака понатамошни успеси. Му укажа дека и понатаму може да смета на поддршката која ја добива од Општина Кисела Вода и дека покрај финансиска поддршка, тој и сите други талентирани спортисти, можат да сметаат и на одлични услови за развивање на своите спортски потенцијали.
– Голема е мојата радост што денес нашата општина, Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години. Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла. Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата. Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.
Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти. Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво. Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.