Контакт

Македонија

Иванов на 19. Евроазиски економски самит

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 6 и 7 април 2016 година, ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 19. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на 19. Евроазиски економски самит, а ќе има и свое обраќање на претседателската сесија.Во делегацијата предводена од македонскиот претседател, за време на работната посета на Република Турција, е и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.Ова е шесто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум, кој секоја година се организира од 1998 година. Годинава е најавено присуство на актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави. Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток. Фондацијата активно е вклучена во јакнење на економските врски, подобрување на регионалната соработка со цел да помогне во максимизирање на можностите што ги создава процесот на глобализација и минимизирање на неговите негативни ефекти. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Граѓаните се жалат на зголемените сметки за струја, Регулаторната најавува мерки

Објавено пред

По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

Меѓу нив се: месечно отчитување на броилата, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај некои од потрошувачите што имаат доставено приговори до РКЕ.

„Овие механизам се дел од заедничкото дејствување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи што се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторната.

Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност, без разлика дали се организирани формално или неформално.

Се додава дека овој сет мерки ќе стапи во сила по завршувањето на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Првпат имавме раст од 3 отсто и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.

dobivaj vesti na viber

„Имавме два супер успешни квартала, тоа беа четвриот и третиот квартал од минатата година. Првпат забележавме раст по долго време од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодачи од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој информира дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:

„Она што го ветивме за првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина, за овие девет месеци направивме многу убави работи што некои ги ветивме, други ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“.

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.

Целта е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа24 минути

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија1 час

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија16 часа

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија17 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија17 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија18 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија20 часа

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија21 час

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија22 часа

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија23 часа

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет1 ден

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија1 ден

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано...

Македонија1 ден

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски. Седницата беше одложена...

Култура2 дена

Сара беше жена карпа, таа беше музика – комеморација за Пројковска која го загуби животот во пожарот

На Факултетот за музика уметност денес се одржа комеморацијата за професорката по пијано и пратечки вокал на речиси цела музичка...

Македонија2 дена

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија2 дена

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија2 дена

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...