Регион
Коронавирусот ја уништи туристичката сезона во Грција, следи тешка зима
Туризмот е столбот на грчката економија. Но, поради пандемијата на коронавирус сè ни пропадна, се жалат локалните туристички работници.
Тоа е катастрофа за целата земја, на која ѝ се заканува сценарио полошо од финансиската криза, пишува во репортажа „Дојче веле“, пренесе „Н1“
„Вакво нешто какво што е Халкидики е уникатно“. Така говорат во Солун, укажувајќи на прекрасните плажи, зелени шуми и тиркизното море. Сепак, погледот на Псакудија може да залаже. Плажите се полни за време на викендите, но тоа не се странски гости – туку Грци. Средината на август со години е шпицот во Грција. Тогаш улиците во големите градови се празнат, а слободните денови се минуваат на море.
„Ние во селото немавме ниту еден случај на коронавирус, но и покрај тоа, никој не доаѓа“, се жали Мелиса, сопственичка на бар на плажа.
Таа вели дека во однос на минатата година, бизнисот опаднал за 80 проценти. Сепак, таа се обидува да остане оптимист: „Секој тука им помага на сите. Се надеваме дека ќе ја преживееме зимата, барем оваа година, а што носи следната – не знам“.
Брзата реакција на грчката влада во март и април го сведе ширењето на вирусот на минимум. Мерките се почитуваа – се носеа маски, се одржуваше физичко растојание во супермаркетите, луѓето остануваа дома.
Министерот за развој, Адонис Георгиадис, изјави дека Грција од црна овца станала пример во Европа.
Сепак, кога аеродромите беа делумно отворени за меѓународен воздушен сообраќај на 1 јули, обично полните простории за чекање, останаа речиси празни.
„Дојдовме и покрај короната“, раскажува жена од Берлин додека седи на плажа со двајца пријатели. „Сè мина без проблеми на аеродромот“, додава таа.
За влез во Грција неопходен е т.н. QR код, кој се користи за регистрација на патници. На почетокот на јули, многу туристи не беа информирани. Други велат дека имале проблеми да пополнат електронски образец за влез во земјата.
Најдраматична е состојбата на границите со соседните земји, Бугарија и Албанија. Луѓето чекаа на границите неколку дена.
„Платив сто евра за тест за антитела“, раскажува турист од Бугарија, кој пристигнал во северна Грција пред пет дена. Но, на границата требало да го тестираат уште еднаш и тогаш тој морал да остане во хотел 24 часа.
Сега, како и во другите земји, бројот на заразени расте во Грција. Се чини дека нема никаква врска со туристите. Во соопштението од Аристотелскиот универзитет во Солун се вели дека зголемувањето на бројот на заразени било забележливо уште пред да се отворат границите.
Во меѓувреме, баровите и рестораните во Солун мора да се затворат на полноќ. Владата особено ги моли младите да го сфатат сериозно вирусот и да не ги запоставуваат нивните здравствени ризици во текот на летото.
„Не бидете виновни за заразување на вашиот сосед“, им се обрати на премиерот Киријакос Мицотакис на Твитер на сограѓаните.
Многу Грци стравуваат од економските последици. Меѓу нив е и Григорис Тасиос, претседател на грчкото здружение на хотелиери. И неговиот хотел во Псакудија е празен оваа година. Тој значително ги намали цените, но туристите сè уште не дојдоа.
„Капацитетите се исполнети од 30 до 35 проценти. Се чини дека е подобро во август, затоа што имаме повеќе грчки туристи. Сепак, короната предизвика огромна штета на туризмот во Грција. Ние сметаме на загуба од 15 милијарди во однос на 2019 година, кога приходите од туризам беа 18 милијарди евра“, вели Тасиос.
Во 2019 година, туризмот наполни 20 проценти од бруто-домашниот производ на Грција. Останува да се види дали пакетот помош од Европската Унија од 750 милијарди евра – од кои 32 милијарди е наменет за Грција – ќе помогне во компензацијата на огромните загуби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Излизгани возила, застој на автопатиштата, сообраќаен колапс поради снежна бура во Србија
Попладнево во Србија падна снег кој зад себе остави колапс во сообраќајот и предизвика дефекти во електричната мрежа.
Дождот и силните налети на ветерот се претворија во снег во Белград, каде снегот паѓаше со поголем интензитет, што дополнително ја усложни состојбата во сообраќајот и предизвика тотален колапс, пренесуваат тамошните медиуми.
Поради снежни наноси застој има на автопатот од Ниш кон Белград, на делот од патот од Алексинац кон Ражње.
Сообраќајот се одвива отежнато и на автопатот Ниш-Димитровград кај тунелот Банчарево, поради снежни наноси и сообраќајна несреќа во која учествувале патник и товарно возило, стои во написите.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ ја информира јавноста дека при денешните обилни врнежи од снег на речиси целата територија на Србија, во повеќе случаи товарни возила се излизгале и на тој начин биле блокирани повеќе патни правци, поради што сообраќајот бил во прекин и на автопатот и и на патиштата со низок степен, поради некористење зимски гуми и опрема од страна на неодговорни возачи на тешки моторни возила – шлепери.
ЈП „Патишта на Србија“ апелира особено до возачите на тешки моторни возила и сите други учесници во сообраќајот да не излегуваат на пат без задолжителна зимска опрема, да користат синџири, особено во ридско-планинските предели, да ги почитуваат ограничувањата на брзината, сообраќајните сигнали и да ја приспособат својата брзина на условите на патот.
На целата територија на Република Србија, механизацијата е достапна на терен 24 часа, а екипите на патиштата се во готовност и подготвени да интервенираат за да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.