Европа
Папата Франциско: Жално е ако на најбогатите им се даде приоритет за добивање на вакцината

Папата Френциско изјави дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинацијата против коронавирус.
„Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе“, рече папата.
Говорејќи за време на својата неделна јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност, ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природното опкружување.
„Колку би било жално ако приоритет за добивање на вакцината им се даде на најбогатите“, рече папата. Тој, исто така, додаде дека би било скандалозно целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши со заживување на индустриите кои не им помагаат на сиромашните, пренесува „Асошиејтед прес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Велика Британија сака да го намали бројот на нелегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори за справување со криминалните мрежи низ Западен Балкан кои ја олеснуваат нелегалната миграција, изјави вчера премиерот Кир Стармер, неколку дена откако објави голем број реформи за намалување на миграцијата.
Губејќи на анкетите од Најџел Фараж и неговата антиимиграциска Реформска партија, Стармер е под притисок да покаже дека може да ја контролира и легалната и нелегалната имиграција и дека неговиот план против бандите шверцери на луѓе функционира кога станува збор за нелегални влезови во Велика Британија.
Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе објави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Велика Британија откако ќе бидат депортирани и ќе направи повеќе за да се искорени перењето пари меѓу двете земји. Тие исто така ќе донираат две машини за откривање фалсификати за да помогнат во идентификувањето на оние што користат лажни пасоши.
Тој исто така, пишува Ројтерс, ќе го објави проширувањето на заедничката работна група за миграција, со цел да ги вклучи Северна Македонија и Црна Гора. Групата веќе ги вклучува Албанија и Косово.
Во 2022 година, Албанците ја сочинуваа најголемата група што се упати кон Велика Британија со мали чамци, но нивниот број оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација постигнат од претходната конзервативна влада.
Европа
(Видео) Експлозија и пожар во близина на Севиља: 80.000 луѓе се затворени во домовите поради токсичен чад

Голем пожар предизвикан од експлозија во хемиски магацин во индустриската зона Ла Ред во Алкала де Гвадаира, во близина на Севиља, принуди 80.000 луѓе да останат затворени во своите домови поради страв од труење, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувна во среда попладне, а беше прогласена вонредна состојба поради опасностите што ги претставуваат чадот и гасовите што произлегуваат од согорувањето на непознати супстанции. Едно лице е хоспитализирано со изгореници, според моментално достапните информации.
Massive fire erupts at chemical warehouse near Seville, residents urged to stay indoors. #Seville #Spain #Fire #Andalucia #Emergency #BreakingNews pic.twitter.com/Lp4Q5qwyMl
— Prime Source (@PrimeSourceHQ) May 14, 2025
Службите за итни случаи објавија дека првиот извештај за експлозијата дошол во 13:20 часот, директно од компанијата што управува со магацинот.
Како превентивна мерка, компанијата ги евакуираше сите вработени, но сè уште не е потврдено дали има уште повредени.
Spain: A chemical plant explosion near Seville sent a massive smoke cloud into the air, prompting officials to advise about 80,000 nearby residents to stay inside, shut windows, or wear masks. #Fire #ChemicalPlant #Breaking #Seville #SpainFire #LatestUpdate #Alert #Explosion pic.twitter.com/Mq74oQQTar
— Europe Cognizant (@EuropeCognizant) May 14, 2025
Властите го опишаа инцидентот како „загрижувачки“ со оглед на обемот на пожарот и видот на материјалот што гореше. Чад може да се види од општините оддалечени повеќе од 80 километри од местото на несреќата.
Службата за цивилна заштита го активираше системот Es-Alert, кој испрати итна порака до сите мобилни телефони во градот со која ги предупреди да не ги напуштаат своите домови.
🇪🇸 A massive fire erupted at a chemical distribution warehouse near Seville, sending dark smoke over the area.
#Spain pic.twitter.com/9FlUrnvLlM
— World Order Watch (@WorldOrderWatch) May 14, 2025
На жителите им беше советувано да „затворат врати и прозорци за да го спречат чадот“ и „да носат маски“. Регионалната влада на Андалузија прогласи вонредна состојба од прво ниво.
Европа
Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.