Македонија
Попова: Дали со директорот на „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка?

Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ – Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност, изјави Ирена Попова, советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
Таа рече дека разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе.
Попова праша дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски – Чомбе.
„Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци? Како ќе им објасни Шилегов на скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?!“, праша Попова.
Таа порача дека Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи директорот е негово кадровско решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.