Црна хроника
Македонската полиција ќе се вози или со „Шкода јети“ или со „Сеат алтеа“
Македонската полиција ќе се вози или во „Шкода јети“ или во „Сеат Алтеа“.
По распишувањето на јавната набавка за 150 полициски моторни возила кои треба да ги заменат досегашните полициски „крајслери“, свои понуди поднесоа ТД „Порше Македонија“ДООЕЛ од Скопје и ТД “КА-ДИС“ ДООЕЛ од Скопје.
Денеска во Министерството за внатрешни работи беа отворени понудите, “Порше Македонија“ од Скопје понуди моторно возило ШКОДА модел YETI 2.0 TDi 4×4. Понудувачот “КА-ДИС“ од Скопје понуди моторно возило СЕАТ, модел ALTEA FREETRACK 2.0 CR 4WD.
Како што соопштуваат од МВР, наредниов период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали истите во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација.
Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена.
Кон крајот на март годинава, Министерството за внатрешни работи распиша тендер за набавка на нови полициски возила со кој би се замениле постоечките возила “Крајслер“.
Повикот за прибирање на најповолни понуди беше распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки и со него се планира набавка на 150 моторни возила во полициска изведба со соодветна потребна опрема.
Единствен услов за склучување на договорот е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање. Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи.
Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 – 2300 ццм и моќност од 110 до140 KW.
Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување на возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР. Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.
Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години, во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила “Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор.
Набавените “Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто, веќе се неупотребливи и расходувани (околу 40 “Крајслери“). Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

