Црна хроника
Во експлозија во американски стриптиз клуб осум повредени

Најмалку осум лица се повредени во експлозија предизвикана од истекување на гас во петокот, неколку моменти по евакуацијата, која го разорила стриптиз-клуб во центарот на Спрингфилд во сојузната американска држава Масачусетс.
Началникот на полицијата во Спрингфилд, Вилијам Колинс за локалните медиуми изјавил дека и во текот на саботата работниците на локалната централа за дистрибуција на глас ја пребаруваат околината.
„Целата зграда е целосно срамнета со земјата“, изјавил Колинс во саботата во телефонски разговор со Reuters.
Фотографиите од местото на инцидентот прикажуваат згради со искршени прозорци, парчиња на улицата и амбулантни возила.
Очевидци изјавиле дека експлозијата била силна од којашто се затресла земјата и на ги бутнала минувачите во близина на барот а веднаш потоа се кренал голем густ облак од чад.
Осум лица се префрлени во локалната болница, но ниедно не е во критична состојба, потврдила за медиумите портпаролката на градската болница во Спрингфилд, Џејн Алберт./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа.
Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Србија, изгубил контрола и паднал на автопатот Скопје-Велес

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, 43-годишниот М.М. од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.