Европа
Рекорден број новозаразени во Германија, Франција и во Австрија

Германија, Франција и Австрија забележаа најголеми дневни бројки на новозаразени лица во последните неколку месеци, а денеска загриженост предизивика и евентуалното дополнително зголемување на бројот на заразени како резултат на враќањето на граѓаните од летните одмори и почетокот на школската година во училниците.
Денеска, во Германија потврдени се 1.707 нови случаи на инфекција, што е најголемото дневно зголемување од почетокот на пандемијата во април.
Германија се смета за една од земјите што успешно се бори против коронавирусот во споредба со многу други европски земји, но дневните бројки на заразени значително се зголемија во текот на летните одмори.
Причината за големиот број нови случаи властите ја лоцираат кај граѓаните што се враќаат од одмори, но и забави, како и од семејни собири.
Во некои делови од Германија училиштата веќе се отворија минатата недела.
Германија минатиот месец воведе бесплатно и задолжително тестирање на коронавирус за секоја личност што се враќа во земјата од област со лоша епидемиолошка состојба.
Канцеларката Ангела Меркел минатата недела предупреди дека нема да има понатамошно опуштање на ограничувањата.
Франција, пак, во средата го забележа најголемо дневно зголемување на бројот на заразени од мај.
Речиси 3.800 нови случаи беа регистрирани за 24 часа, соопшти ДГС, одделот за јавно здравје при Министерството за здравство.
„Сите индикатори се во пораст, а преносот на вирусот се засилува“, се вели во соопштението на ДГС.
Тулуз во средата стана првиот француски град што воведе задолжително носење маски на отворено.
Носењето маски е веќе задолжително во јавниот превоз и на јавните места на затворено во Франција.
Во Австрија исто така во последните 24 часа е забележан нов рекорд на бројот на новозаразени.
Коронавирусот е потврден кај 347 лица.
Според австриските власти, за овој број, најголем од почетокот на април, придонеле повратниците од одморите, пред сè, од Хрватска.
Само во Виена има 187 нови инфекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.