Контакт

Вести

Слаби изгледи за нуклеарниот договор во Виена

Објавено пред

Можноста да биде постигнат сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма до рокот кој истакнува во понеделник се се’ помали, а претставниците на Иран и шесте светски сили кои преговараат во австриската престолнина Виена признаваат дека уште се далеку од крајната цел, но има подготвеност ткн Виенскиот круг од преговорите да биде продолжен за уште неколку дена.
 

dobivaj vesti na viber

Можноста да биде постигнат сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма до рокот кој истакнува во понеделник се се’ помали, а претставниците на Иран и шесте светски сили кои преговараат во австриската престолнина Виена признаваат дека уште се далеку од крајната цел, но има подготвеност ткн Виенскиот круг од преговорите да биде продолжен за уште неколку дена.

 

Во овој спор кој ги обременува, како регионалните така и глобалните меѓународни односи повеќе од една деценија, големите сили и Иран се согласуваат во признавањето дека постојат големи разлики и натаму, иако за два дена, до претходно зададениот краен термин 24-ти ноември, треба да го постигнат конечниот договор со кој Техеран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма особено збогатувањето на ураниумот, за кој во прв ред Западот смета дека ги сокрива вистинските намери да се дојде до нуклеарно оружје, а за возврат ќе бидат симнати санкциите коишто значително ѝ наштетуваа на иранската економија.

„Време е за вистината“, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер по пристигнувањето во Виена каде што имаше одвоени разговори со американскиот државен секретар Џон Кери и со шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф.

Кери призна дека и натаму постојат големи разлики со Иран и истакна дека сите напорно работат за да се постигне напредок.

„Никогаш не сме биле толку близу до договор, а се’ уште сме далеку од него“, нагласи Штајнмаер и додаде дека исходот од преговорите во целост е отворен.

Од иранска страна извор близок на делегацијата во Виена за AFP, исто така, признава дека јазот и натаму е голем и оти бара политичка одлука на сите вклучени влади.

Според еден европски анонимен извор, исто така, близок до преговорите, изгледите за целосен договор до понеделник се чинат „физички невозможни“, бидејќи не е остварен никаков значителен напредок. „Дури и да постигнеме политички договор, техничките анекси не се подготвени“, додал овој извор.

Од друга страна, Иран не ги губи надежите за изработка на документот од преговорите со „шестката“ и е подготвен за продолжување на преговорите во Виена за уште неколку дена, изјавил за руската агенција ТАСС извор во иранската делегација. „Се’ уште очекуваме да дојдеме до компромис. Се обидуваме и вложуваме максимални напори да го постигнеме тоа, продолжуваат интензивните контакти“, додал соговорникот.

Запрашан за можноста за продолжување на преговорите за уште неколку дена, изворот потврдил дека постои таква опција. Претходно запознаен со текот на преговорите во Виена соговорник на ТАСС, изјави дека сегашната рунда од преговорите може да биде продолжена за уште неколку дена, доколку страните се убедат дека има шанса да биде постигнат договор. „Министрите од ‘шестката’ коишто дојдоа во главниот град на Австрија, се подготвени да останат до 25/26-ти ноември“, додал.

Покрај тоа, друг соговорник изјавил дека најострата позиција на преговорите во Виена ја зазема Франција. „Во моментов најтврдата позиција ја има француската делегација“, рекол соговорникот на агенцијата без да прецизира во што е суштината на ставовите на Франција.

„Средбите (билатерални) во рамките на преговарачката рунда продолжуваат, консултациите минаа во многу интензивна фаза“, додал.

Групата „пет плус еден“, петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, и Иран од другата страна, се обидуваат до понеделник да го склучат договорот со кој ќе се стави крај на 12 години долгите меѓународни тензии за иранската нуклеарна програма за којашто Техеран вели дека е негово суверено право и дека му служи исклучиво за цивилни цели, односно за добивање електрична енергија и во медицински истражувања./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ3 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ4 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија4 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион6 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет7 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија8 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ20 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија21 час

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион23 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија1 ден

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија1 ден

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија1 ден

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија2 дена

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...