Македонија
Груевски: Владата е пријателски расположена кон бизнисот
Македонските премиерот Никола Груевски во рамките на својата неколкудневна работна посета Турција во петокот во Мерсин им порача на турските инвеститори кои размислуваат за нивно проширување и за инвестиции надвор од земјата кои бараат пазари кои нудат ниски трошоци за правење на бизнис и добро образована работна сила, пазари кои што се поблиски до Европа и имаат одлична бизнис клима, дека во Македонија ќе го најдат тоа и ќе најдат влада која е пријателски расположена кон бизнисот.
Македонските премиерот Никола Груевски во рамките на својата неколкудневна работна посета Турција во петокот во Мерсин им порача на турските инвеститори кои размислуваат за нивно проширување и за инвестиции надвор од земјата кои бараат пазари кои нудат ниски трошоци за правење на бизнис и добро образована работна сила, пазари кои што се поблиски до Европа и имаат одлична бизнис клима, дека во Македонија ќе го најдат тоа и ќе најдат влада која е пријателски расположена кон бизнисот.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и членовите на владината делегација, во петокот имаа во Мерсин, настап на бизнис форумот за презентација на поволностите што ги нуди земјата за реализација на странски инвестиции.
Премиерот Груевски истакна дека Македонија инвестира во изградба на технолошки индустриски развојни зони, во кои инвеститорите во првите десет години немаат обврска за плаќање персонален данок на доход и данок на добивка.
„Досега се изградени четири технолошко – индустриски развојни зони, во тек на градба се уште седум, а ќе започнат да се градат уште три, што значи дека до крајот на наредната година очекуваме да имаме четиринаесет слободни економски зони”, истакна премиерот Груевски.
Македонскиот премиер посочи дека во Република Македонија веќе функционираат повеќе странски инвеститори и тие се задоволни од условите за работа и инвестициската клима, меѓу кои се присутни и функционираат и турски компании.
„ТАВ имаат концесија на македонските аеродроми, и вложија над 100 милиони евра на скопскиот и охридскиот аеродром. Банката ’Халк’ е една од најдинамичните банки во Македонија и го поддржува бизнисот. Во делот на здравствениот сектор присутна е ’Аџибадем’, компанијата ’Суташ’ купи млекарница и постојано се развива. ’Коч’ изгради синџир на трговски центри,’ Џеваир Холдинг’ гради четири огромни висококатници во Скопје, а компанијата ’Лимак’ најавува изградба на станбен и бизнис комплекс”, изјави Груевски.
Посочи дека освен турските огромен број на големи компании од светот ја одбраа Македонија за своја бизнис дестинација и дека некои од нив не само што ја одбраа за својата прва, туку започнаа со својата втора инвестиција во државата, а размислуваат и за трета.
„Џонсон Контролс од САД изградија една фабрика за автоделови, а потоа уште една. Џонсон Мети изгради една, а веднаш потоа уште една фабрика во Македонија. ’Текнохозе’ од Италија фабрика за машински делови и хидраулика изгради една, а сега гради уште една фабрика четири пати поголема од првата фабрика. ’Ванхул’ од Белгија изгради огромна фабрика за производство на автобуси кои ги извезува во Америка и помал дел во Европа. ’Кемет електроникс’ од Америка изгради фабрика за чипови од автомобилската индустрија. ’Протек груп’ најголемата компанија од фармацевтската индустрија од Русија изгради фабрика во Македонија, а најавуваат градба и на втора. ’Дрекселмаер’ од Германија изгради фабрика“, рече премиерот Груевски
Додаде дека освен овие инвеститори кои веќе работат во Македонија, постојат и повеќе други компании од различни држави кои во последниот период објавија дека ќе инвестираат во Македонија.
Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Фуркан Чако, изјави дека Мерсин е најголемиот трговски центар во Турција во источно медитеранскиот регион, и остварувањето на бизнис соработка со Македонија би било од интерес за двете страни.
„Тука има големи мултинационални компании чиј капитал и искуства сакаме ние како Влада да ги пренесеме во Македонија”, рече министерот Чако.
Заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Климент Шекеровски посочи дека пример за добра соработка е таа со комората на градот Ескишехир каде македонската владина делегација во вторник имаше бизнис форум.
„Веќе вчера, по два дена од форумот, дваесетина бизнис компании од комората од Ескишехир пристигнаа во Република Македонија, и организиравме бизнис средби каде ги презентиравме детално инвестициската клима и условите за инвестирање во нивната сфера на бизнисот”, рече Шекеровски.
Деха Девели, директор на компанијата „Девели Груп“, која има повеќе бизниси од сферата на туризмот, градежништвото и земјоделието, ја разгледува можноста за инвестирање во Македонија. Тој изјави дека инвестирањето во Македонија е исплатливо.
„Многу лесно се стигнува до властите и можете да ги контактирате и да комуницирате со нив и може да ви помогнат. Планираме да инвестираме во туризмот, можеме да изградиме неколку хотели, можеме да носиме туристи од тука во Македонија и обратно”, прецизираше Девели.
Претседателот на индустриската трговска комора на Мерсин, Шерафетин Ашут, во своето обраќање изјави дека му е исклучително задоволство што се домаќини на форум на кој се преставуваат инвестициските можности на Република Македонија што е важен настан за економијата и за зајакнување на економските врски меѓу компаниите на Мерсин и македонскиот пазар.
Ашут истакна и дека градот Мерсин поседува брзо растечка економија, со повеќе развојни сектори како што е туризмот, земјоделската и прехранбената индустрија, и спаѓа во првите десет региони во Турција по обемот на извозот. Посочи дека Македонија е пријател на Турција, и таа треба да биде првата дестинација доколку инвеститорите од Мерсин планираат да инвестираат на странските пазари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.
Економија
Средба Муцунски – Aзески: Фокус на извозот и економската дипломатија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.
На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.
Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.
Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.
Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување.
На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.

