Свет
Алексеј Навални ќе се лекува во Германија
Германските лекари, кои пристигнале со авион во Омск за да го пренесат рускиот опозициски лидер во Берлин на лекување, велат дека тој е доволно добар за да може да лета со авион.
По ова, болницата во Омск му овозможи да го продолжи лекувањето во Германија.
Во изјавата на Фондацијата Cinema for Peacе се вели дека тврдењата на руските лекари дека не би било безбедно Навални да лета со авион не се точни.
Сопругата на рускиот опозициски политичар го замоли рускиот претседател Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија за да му се укаже лекарска помош.
Транспортот на Навални за Берлин би можел да се реализира во следните неколку часа.
Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, претходно изјави дека рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, ќе остане во таа установа сè додека не се стабилизира неговата состојба. Тој тврдеше дека му било дијагностицирано метаболистичко заболување, кое е последица на ниското ниво на шеќерот во крвта. Според него, на облеката и на прстите на Навални (44) биле пронајдени траги од индустриски хемиски супстанции.
Навални се разболе во авион на летот за Москва вчера по пиењето чај на аеродромот во сибирскиот град Томск поради што авионот итно морал да слета во градот Омск, каде што политичарот сè уште е на интензивна нега и е приклучен на респиратор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

