Вести
Сириската опозиција ќе се согласи на привремено примирје, ако Русија престане со бомбардирањата, па и на Ал Каеда
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4191094.jpg)
Сириската опозиција се согласува на можноста за привремено примирје од две до три седмици, под услов Русија да го запре своите воздушни удари, да бидат прекинати опсадите на местата што ги контролираат од страна на владините сили, а доставувањето на хуманитарната помош да биде овозможена ширум земјата, и да престан бомбардирањето на екстремната Џебхат ан-Нусра, изјави во саботата за Reuters извор близок на мировните преговори.
Руските воздушни удари започнаа на 30-ти септември на барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад и донесоа пресврт во негова полза во петгодишната војна, што предизвика незадоволство кај САД и неговите западни и сунитски исламски сојузници од регионот кои ги поддржуваат сунитските бунтовници кои ги сметаат за „умерени“. Досега неколку обиди за преговори а постигнување примирја изминатите месеци пропаднаа.
„Сега е јасно пренесена пораката дека е опозиција има волја да влезе во двонеделно, тринеделно примирје, како и дека е отворена за негово обновување доколку условите бидат поволни и двете страни тоа го посакуваат“, рекол соговорникот на агенцијата. Опозицијата, исто така, сака ранливата категорија затвореници, вклучително и жени и деца, како што тврди, да биде ослободена, додал.
Русија и САД заедно би требало да претседаваат со седницата под покровителство на Обединетите нации во Женева, чијашто цел е да се направи обид да се обезбеди прекин на непријателствата во Сирија. Американските и руските воени функционери се состанаа пред поширокиот состанок, соопштија во петокот дипломатски извори.
Примирјето ќе може да се обновува и ќе ја поддржат сите страни освен Исламската држава, рекол изворот. Исто така, ќе биде услов да престанат руските воздушни напади врз Џебхат ан-Нусра, сириското крило Ал Каеда.
Џебхат ан-Нусра, сепак, е на листата на Обединети нации со терористички организации, забрането е нејзиното дејствување, а лицата поврзани со неа се под санкции.
На прашањето дали инсистирањето на сириската ткн умерена опозиција Џенбахт ан-Нусра (Фронтот на победата) повеќе да не биде цел на воздушните напади е главната пречка во преговорите, соговорникот на Reuters таквата ситуацијата ја споредил со „слон во продавница за порцелан“.
„Тие мора многу деликатно да му пристапат на тоа или ќе заврши со граѓанска војна во Идлиб за коишто самите ќе бидат виновни“, рекол изворот. Џихадистичките борци на ан-Нусра се борат заедно со некои други исламистички групи против владините сили во некои области, вклучително и во Идлиб.
Запирањето на опсадата на цивили во некои области кои се под контрола на бунтовничките групи, е второто клучно прашање во преговорите за завршување на судирите. ОН проценуваат дека 486.700 луѓе се наоѓаат во петнаесетина опколени области во Сирија, како и дека до околу 4,6 милиони луѓе е отежнат пристапот на хуманитарната помош. Опозициските бунтовнички групи дури објавија дека се забележани смртни случаи од глад./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.