Свет
Кремљ: Путин немаше никаква улога во носењето одлуки за трансферот на Навални во Германија
Руските власти многу бргу ги издадоа сите дозволи да го пренесат блогерот Алексеј Навални од Омск во Берлин. За ова прашање не беше потребна интервенција на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Не, ова не беше одлука на претседателот“, рече Песков одговарајќи на прашањето дали Путин учествувал во преговорите или во донесувањето одлуки за трансферот на Навални во Германија за лекување.
Според Песков, тоа било целосно лекарска одлука, поврзана со здравствената состојба на пациентот.
„Нема причина за меѓународни преговори. Можам да кажам само дека, без сомнение, во овој случај нашите релевантни власти многу бргу направија сè. Сите дозволи во врска со формалностите на летот беа дадени многу бргу и без никакви пречки, веднаш штом медицинските лица оценија дека е безбеден трансферот на пациентот“, рече Песков.
Коментирајќи ги извештаите за наводниот надзор над Навални, Песков истакна дека не е сигурен колку се веродостојни овие извештаи.
„Цитирањето анонимни извори секогаш ја прави веродостојноста на информацијата само делумна“, посочи тој.
Во суштина Песков го пренасочи ова прашање кон раузнавачките агенции.
„Секако, некои мерки за набудување кон некои луѓе не може и не треба да се преговараат со кој било државен орган, а камоли со администрацијата на претседателот. Ова е прерогатив на разузнавачките агенции. Можно е само да се провери веродостојноста на овие извештаи (за надзорот над Навални) во тие агенции“, истакна тој.
На 20 август авионот на Навални од Томск до Москва итно слета во Омск поради нагло влошената здравствена состојба на опозиционерот. Навални беше хоспитализиран, тој бил во кома и бил приклучен на респиратор. На 22 август тој беше префрлен во Германија на лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

