Свет
Израел продолжува со напади во Газа како одговор на запаливи балони на терористичката Хамас

Израелските тенкови и авиони извршија нови напади врз целите на Хамас во Појасот Газа во текот на ноќта како одговор на лансирањето на т.н. запаливи балони преку границата, соопшти изралската армијата, пренесува „Анадолија“.
Израелската армија соопшти нејзините воени авиони и тенкови таргетирале тунел на Хамас и некои воени пунктови во јужниот дел на Газа. Палестински извори велат дека израелската војска бомбардирала празни полиња и некои набљудувачки пунктови, кои припаѓале на бригадите „Изеддин ал-Касам“, вооруженото крило на Хамас.
Нема извештаи за жртви и повредени. Израел ја бомбардира енклавата управувана од Хамас речиис секој ден од 6 август како одговор на воздушните пожари и поретко ракетите лансирани преку границата.
Разгорувањето доаѓа кога американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вчера го посети Израел, а британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, денеска треба да одржи разговори во Израел и во палестинските територии.
Огнените балони – импровизирани запаливи уреди прикачени на надуени балони, кондоми или пластични кеси – предизвикаа неколку пожари на обработливо земјиште во јужен Израел и значителна штета на земјоделските култури. Тие се сметаат за обид на Хамас да ги подобри условите за неформално примирје, според кое Израел се обврза да ја олесни својата 13-годишна блокада за возврат за враќање на мирот на границата.
Но, реакцијата на Израел досега беше заострување на блокадата. Израел им забрани на рибарите од Газа да одат на море и ги затворија премините за стоки што минуваат преку територијата предизвикувајќи затворање на единствената електроцентрала во Газа поради недостиг од гориво.
Египетска делегација се обидува да посредува за обнова на примирјето, но досега без резултат. Египет во последните неколку години ги смируваше постојаните ерупции на насилства за да спречи повторување на трите војни што Израел и Хамас ги водеа од 2008 година.
Најновиот прекин на огнот, кој веќе беше обновен неколкупати, е засилен со милиони долари финансиска помош од Катар до Газа. Примирјето предвидува дозволи за работа во Израел за жителите на Газа и финансирање развојни проекти во Газа – двете мерки што ќе обезбедат одредено економско олеснување на сиромашна територија, каде што невработеноста надминува 50 отсто.
Според извор близок до Хамас, движењето сака проширување на индустриска зона на истокот на Газа и изградба на нов далновод. Хамас исто така сака бројот на израелските работни дозволи да се удвои на 10.000 по укинувањето на ограничувањата поради Ковид-19.
Во понеделникот претставниците на Хамас објавија 48-часовен полициски час на територијата кога беа потврдени четири случаи на коронавирус во кампот за бегалци во Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Министерот за одбрана на САД: Мирот се постигнува со сила, а не со зборови, зголемете ја помошта за Украина

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина по извештајот што покажа нагло намалување на воената поддршка за Киев во јули и во август.
„Мирот го постигнувате кога сте силни. Не кога користите силни зборови или покажувате со прст, туку кога имате силни и реални способности што вашите противници ги почитуваат“, им рече тој на новинарите пред состанокот со колегите од НАТО во седиштето на алијансата во Брисел.
Хегсет ги замоли сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата PURL (Приоритетна листа на барања за Украина).
„Нашето очекување денес е повеќе земји да донираат повеќе, да купат повеќе за да ја снабдуваат Украина за да го доведат тој конфликт до мирен крај“.
Обезбедени 2 милијарди долари
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека очекува дополнителни ветувања истакнувајќи дека 2 милијарди долари веќе се обезбедени преку механизмот.
Сепак, овој износ е помал од 3,5 милијарди долари, што украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе ги обезбеди до октомври.
Шведска, Естонија и Финска ги ветија своите придонеси во средата, но земјите како Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочија со критики за нивната воздржаност.
Украина останува во голема мера зависна од американското оружје додека се подготвува за уште една зима на конфликт со Русија.
Килскиот институт за светска економија објави во вторникот дека воената помош за Украина се намалила за 43 проценти во јули и август во споредба со првата половина од годината.
Фото: принтскрин
Свет
НАТО би бил демилитаризиран во конфликт со Русија и Кина, според кинеска анализа

Ако сè уште го сметате НАТО за неповредлива супералијанса што може да дејствува како глобален полицаец во секој момент, можеби е време да го преиспитате тоа верување – оценува кинескиот портал NetEase повикувајќи се на анализата на американскиот воен експерт Вилијам Шрајвер.
Според него, ако НАТО, од една страна, и Русија и Кина, од друга, влезат во сериозна конфронтација, западната алијанса би можела да биде демилитаризирана најмалку десет години. Иако звучи како смела процена, кинеските автори сметаат дека логиката на овој заклучок е целосно оправдана.
„Митот за индустриската големина“
NetEase истакнува дека воената моќ на НАТО се темели на митовите за индустриска големина и одржување на мирот, но дека вистинската војна би ги разоткрила слабостите на алијансата во снабдувањето, издржливоста и мобилноста.
Иако САД имаат 11 носачи на авиони на нуклеарен погон, што изгледа импресивно на хартија, во современото војување тие би станале лесни цели. Руските подморници од класата Jasen може тивко да се приближат до флотите на НАТО, а Кина веќе ги надмина САД по бројот на нови воени бродови во 2023 година, според порталот.
Логистиката како Ахилова петица
Шрајвер посебно предупредува за застареност на американскиот логистички систем, особено во развојот на арктичките рути, каде што Русија има децениска предност. Во исто време, европските членки на НАТО се соочуваат со пад на капацитетот – Германија има помалку од 300 тенка, а британската морнарица старее, без доволно бродови за снабдување.
„Доколку избувне голема војна, НАТО нема да се бори како единствен сојуз – секој ќе ја игра својата игра, а резултатот би бил распад на алијансата“, предупредува Шрајвер.
Според кинеската анализа, митот за неповредливоста на алијансата полека се урива пред новите глобални односи на моќ – каде што Русија и Кина веќе ја покажаа способноста да дејствуваат надвор од рамките на западните очекувања.
Фото: принтскрин
Свет
Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „томахавк“

Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде што се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „томахавк“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи, Серхиј Кислиција, и амбасадорката во САД, Олга Стефанишина.
Покрај „Рејтион“, тие остварија средба и со „Локид Мартин“ (Lockheed Martin).
Together with Prime Minister @Svyrydenko_Y, NSDC Secretary @rustem_umerov, First Deputy Foreign Minister @SergiyKyslytsya, and our Ambassador to the US @StefanishynaO,
we met with Lockheed Martin and Raytheon. Their tech is saving lives: F-16s and advanced air defense systems are… pic.twitter.com/kfmg5TzgmH— Andriy Yermak (@AndriyYermak) October 15, 2025
„Нивната технологија спасува животи – „ф-16“ и системите за противвоздушна одбрана го штитат украинското небо, а нивните офанзивни решенија ги поддржуваат нашите сили на фронтот“, изјави Јермак.
Прашањето за испорака на ракетите „томахавк“ се очекува да биде тема на средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски оваа недела. НАТО-извори сметаат дека ова оружје може да има значително влијание на бојното поле иако не е пресудно за текот на војната.