Македонија
Од утре почнува етапната исплата на августовските пензии
Oд утре почнува исплатата на августовските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– в среда, 26 август, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;
– в четврток, 27 август, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;
– в понеделник, 31 август, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;
– во вторник, 1 септември, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.
Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од среда, 26 август. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
За пензионерите што досега ја добиваа пензијата преку Еуростандард банка АД и кои сѐ уште не отвориле трансакциска сметка во друга банка преку која ќе продолжат да ја примаат пензијата, ќе следуваат дополнителни исплати на августовските пензии на 7.9.2020, 14.9.2020 и на 25.9.2020 година.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, а пензискиот систем е стабилен. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати затоа што етапната исплата е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се намалат можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема, која ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

