Забава
Роман Полански го загуби судскиот спор за неговото исклучување од Академијата за „Оскари“
Филмскиот режисер Роман Полански, кој беше избркан од Академијата за филмска уметност и наука поради обвиненија за незаконски секс со 13-годишно девојче, во вторникот заврши со неуспешен обид да биде вратен како член на Академијата, објави прес-службата на градот Лос Анџелес.
Полански (87), кој освои „Оскар“ во 2003 година беше избркан од Академијата во мај 2018 година поради продолжено кривично дело, кое датира од 1977 година.
Режисерот на Chinatown и Rosemary’s Baby поднесе граѓанска тужба против Академијата, која ги доделува „Оскарите“, во која тврди дека бил лишен од регуларен процес кога бил избркан од институцијата поради прекршување на кодексот на однесување како одговор на обвиненијата за недолично сексуално однесување.
Адвокатите на Полански тврдат дека одлуката му била испратена по пошта со назнака дека веднаш стапува во сила, требало да претходи разумно објаснување за таква мерка и на режисерот му било скратено правото да изнесе свој став за тоа.
Француско-полскиот режисер побегна од САД во 1978 година кога беше обвинет за силување на 13-годишно девојче и никогаш не се врати.
Оттогаш се соочи со други обвинувања за сексуален напад и непримерно сексуално однесување. Тој ги негира ваквите обвинувања.
И покрај наводите, Полански освои „Оскар“ во 2003 година за режија за драмата од Втората светска војна, „Пијанистот“, како и француската награда „Цезар“ минатиот февруари, што предизвика протест на десетици жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

