Контакт

Вести

Сеул и Пјонгјанг почнаа преговори на високо ниво

Објавено пред

Високо позиционирани функционери на Северна и на Јужна Кореја започнаа преговори во саботата за намалувањето на тензиите во регионот, пренесува телевизијата YTN повикувајќи се на висок владин претставник во Сеул.

dobivaj vesti na viber

Во преговорите од јужнокорејска страна учествува советникот на претседателот за безбедност Ким Гван Чжин, и министерот за национално обединување Хонг Јонг Руо, додека Северна Кореја ја претставуваат челникот на Главното политбиро на Корејската народна армија, Хван Бјунг Со и шефот на одделот за прашања од обединувањето на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Кореја, Ким Јанг Гон.

Преговорите се вода без присуство на јавноста, во Демилитаризираната зона, во местото Пханмунџоом, своевиден пар поделен со воено-демаркациската линија, но каде за разлика до другите делови од границата меѓу двете Кореии, нема бодликава жица и огради. Во овој пункт има објекти опремени за постојан контакт меѓу двете страни, а линијата на разграничувањето е на само неколку метри од една од друга, на чии страни постојано стојат војници на Корејската народна армија (Северна Кореја) и на Вооружените сили на Република (Јужна) Кореја во став мирно со стиснати тупаници.

Меѓутоа, и покрај почетокот на преговорите, воените трупи и од двете страни се ставени во состојба на зголемена борбена подготвеност. Околу 6.500 луѓе од петте јужнокорејски окрузи во близина на Демилитаризираната зона се евакуирани во засолништа од воздушен напад.

Согласноста за започнување дијалогот Север – Југ беше постигната само неколку часа пред истекот на ултиматумот кој го постави севернокорејската страна со барање да бидат прекинати емитувањата на пропагандните пораки против властите од Пјонгјанг, од звучниците кои ги постави Сеул. Северна Кореја се закани дека со артилерија ќе ги уништи инсталациите, доколку е не биде исполнет нејзиниот услов. Како доказ за сериозноста на нејзините закани, во четвртокот од различни видови оружја беа гаѓани неколку пропагандни звучници.

Во 2004 година двете Кореи се договорија дека ќе ги демонтираат звучниците за пропаганда од двете страни на границата. Емитувањето на пропаганда и контрапропаганда беше составен дел на психолошката војна меѓу двете земји, по завршувањето на вооружениот во 1953.

Јужна Кореја неодамна по повеќе од десет години повторно ги постави звучниците за пропаганда на границата, по експлозии на противпешадиски нагазни мини во пограничната област за што го обвинува Пјонгјанг, и во кои на 4-ти август тешко беа повредени двајца јужнокорејски војници кои останаа инвалиди. Сеул од тие звучници емитува пораки во кои ја осудува оваа наводна севернокорејска провокација.

Пјонгјанг минатиот петок негираше дека има некаква врска со тие експлозии, и побара Сеул да ја прекине својата пропагандна војна а штотуку започнатата заедничка американско-јужнокорејска воена вежба ја нарече „објавување војна“, и се закани дека ќе изведе воздушни удари.

Ситуацијата на Корејскиот полуостров ескалираше во четвртокот, кога Јужна Кореја соопшти дека артилериски била гранатирана нејзината територија од страна на Северна Кореја. Неколку часа подоцна силите на јужнокорејската армија отворија „возвратен оган кон изворот на огнот од страна на непријателот“, и притоа беше известено за триесетина артилериски истрели. Пјонгјанг реагираше со соопштение дека Југот стрела без причини, по што во петокот продолжија меѓусебните обвинувања за провокации и закани со одмазда.

„Дојдовме до работ на војната и ситуацијата е непоправлива“, објави во својата порака севернокорејското министерство за надворешни работи објавено претходно во саботата.

Американските коментаторите, сметаат дека треба да се релативизираа тие „воени повици, вообичаени за Пјонгјанг“, а доколку постои опасност од ескалација, некои од нив во тоа гледаат само уште една провокација во низата на севернокорејскиот режим.

„Имајќи ги предвид нивните методи на преговори во минатото, веројатноста дека ќе ја спроведат својата закана е многу мала“, истакнува Џејмс Ким, истражувач од Институтот за политички студии Асан од Сеул. Но, истовремено, признава дека не е лесно да се погодат намерите на младиот севернокорејски лидер Ким Јонг Ун, како и дека можноста од напад не може сосема да се исклучи.

„Подготвени сме одлучно да одговориме на секоја севернокорејска провокација“, изјави портпаролката на јужнокорејската претседателка, додека агенцијата Yonhap во саботата утрото објави дека е регистрирано раздвижување на артилериските единици на Северот поради можен напад врз звучниците.

Сеул соопшти дека нема намера да ги исклучи овие пропагандни инсталации. Севернокорејската државна новинска агенција KCNА, пак, објави дека Ким поради тоа објавил „полувоена“ состојба и му се закани на Сеул, дека доколку не ја прекине пропагандната војна „ќе му биде одговорено со вистинска“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија14 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ14 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија16 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија17 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија17 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ17 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија17 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија18 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет19 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа20 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет21 час

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет22 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет22 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет22 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа22 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...