Спорт
Меси си го избрал новиот клуб

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по објавата дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона. Аргентинецот две децении е дел од клубот, 17 од нив е во првиот тим.
Радиото „Каталуња 1“ пред недела објави дека Меси ќе ја напушти Барселона, тврди дека фудбалерот решил каде сака да ја продолжи кариерата.
Според овој извор, тој веќе стапил во контакт со Пеп Гвардиола и прифатил да потпише тригодишен договор.
Радиото наведува дека пред три дена Меси му се јавил на Гвардиола и му кажал дека сака да се пресели во Премиер лигата.
Меси и Гвардиола имаа успешна соработка во периодот 2008-2012 година кога Барселона освои две титули во Лигата на шампионите, а тој тим за многумина е најдоминантниот во историјата на фудбалот.
Се шпекулира дека Манчестер сити бил подготвени да издвои 210 милиони евра за трансферот на Меси. „Граѓаните“ веднаш би упатиле 130 милиони евра, а преостанатите 80 милиони евра Барселона би ги добила во наредните три години.
Од друга страна, Барселона бара да биде исплатена откупната клаузула од 700 милиони евра. Синоќа, шпанските медиуми најавија дека Меси има намера и по судски пат да бара разделба со клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.
Спорт
Хејс-Дејвис се враќа во НБА, ќе потпише со Феникс Санс

Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс.
По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс Чаранија.
Американецот има договор со Фенербахче до јуни 2027 година, но и клаузула дека може да замине доколку понуда од НБА.
Хејс-Дејвис доби и реши да ја прифати поканата од Феникс, а турскиот клуб како обесштетување ќе добие 900.000 евра.
Со заминувањето на Хејс-Дејвис и приходите од откупот, Фенербахче ќе го олесни буџетот за плати за околу три милиони евра.
Тој беше член на првата петорка на Евролигата две години по ред, а во сезоната 2024/2025 имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.
Исто така, пред две сезони, тој го постави рекордот во Евролигата, против Баерн постигна 50 поени.
Откако не беше избран на НБА драфтот во 2017 година, Хејс-Дејвис играше за Лејкерси, Репторс и Кингс. Тој ја продолжи својата кариера во Европа откако се пресели во Галатасарај, а потоа играше во Жалгирис и Барселона, пред да ја освои Европа со Фенербахче.