Свет
(Видео) Берлускони двапати се тестира на коронавирус по дружењето со заразениот милијардер

Кога Флавио Бријаторе, италијански бизнисмен и, меѓу другото, сопственик на славната дискотека „Милијардер“ на Сардинија, беше хоспитализиран поради инфекција на Ковид-19, многумина што биле во контакт со него во изминатите неколку дена побрзале да се тестираат. Меѓу другите, е и лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони.
Од партијата соопштија дека тој се подложил на двојно тестирање и сега се чувствува одлично, се вратил дома и ги презел сите свои политички обврски.
Берлускони и Бријаторе се сретнале на 12 август на Сардинија во вилата на Берлускони, а по средбата, на социјалните мрежи е објавена фотографија, пишува „Танјуг“.
На почетокот на пандемијата на Ковид-19, Силвио Белускони се пресели со својата ќерка во Ница во Франција и остана таму сè додека карантинот беше во сила во Италија поради пандемијата на коронавирусот, пишува „Танјуг“.
Како што веќе објавија медиумите, дискотеката на Флавио Бријаторе на Сардинија е едно од жариштата на вирусот, таа е затворена, но повеќе од 60 вработени се тестирани и се позитивни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.
Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.
„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.
Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата.
Свет
(Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.
Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.
Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.
Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.