Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти седницата на Советот
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти денешната 54. седница на Советот во знак на протест за ставањето на дневен ред дополнителни точки, кои немаат потврдена итност.
„Во Советот на Град Скопје стана редовна пракса да се испраќаат материјали до советниците пред самиот почеток на седницата за советниците од опозицијата да немаат доволно време да се подготват, да направат анализа и да може да дадат квалитетен придонес во расправата по нив. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во насока на конструктивност во минатото прифаќала да се дискутира за материјали, но доколку имале итност и неодложност, што не беше случај со денешните точки: извештај за шестмесечната работа на ЈП ‘Водовод и канализација’ и функционална анализа на ЈП ‘Паркови и зеленило’, за кои претпријатијата имале доволно време да ги подготват и да ги достават навреме.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека ова се обемни извештаи, кои бараат време за разгледување и не треба да се додаваат на дневен ред, но ова барање беше отфрлено од владејачкото мнозинство.
Оттаму, бараат да престане оваа пракса на дополнување на дневниот ред со материјали, кои, како што велат, не се итни, кои се важни, а за кои опозицијата нема реално време да ги разгледа.
„Нагласуваме дека само со почит и примена на демократијата и слободата на говор, преку заеднички дебати на опозицијата и власта за важни прашања, Град Скопје ќе може да оди напред“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од полноќ почнува изборниот молк
На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда.
Изборниот молк ќе трае до среда до 19 часот, односно до затворањето на избирачките места.
Се гласа на 3.480 избирачки места.
Утре (7 мај) гласаат иселениците, болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.
Според Државната изборна комисија (ДИК), за претседателските избори биле пријавени 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори вкупно 1.815.350 гласачи.
За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, се појаснува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.
Македонија
Апасиев: Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија
На денешниот завршен Народен собир на Левица од Парламентарна кампања, 2024, се обрати претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.
,,AСНОМ е она што сега го возобнувуваме. Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.
Според Апааиев, Левица не е лажна опозиција и Левица има светла иднина.
,,Оставете ги овие балони што се дуваат, овие максовци кои ќе испарат за година – година и пол. Ние на овие избори очекуваме да влеземе со пратеничка група, а нашиот народ знае дека треба да го даде гласот за Левица!”, порача Апасиев.
Својот говор, Апасиев го заокружи со благодарност до членовите и симпатизерите на Левица.
,,Сакам да ви се заблагодарам најискрено и најчовечки, бидејќи вие сте денес тука – водени од идеали и од каузата што нè обединува. Никој од вас не зеде пари, за да дојде тука на овој заеднички Народен собир на Левица. Никој од вас не го вработивме преку Левица. Сега имаме набљудувачи во рекорден број. Како никогаш досега разваливте на терен. Веќе го надминавме епитетот на мала и фејсбук – партија, затоа се плашат од нас. И има зошто да се плашат!”, додаде Апасиев.
Во однос на класната борба, претседателот Апасиев рече:
,,Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.