Свет
(Видео) Судир на светските суперсили – повредени четворица американски војници во Сирија
Четворица американски војници се повредени по конфликт со руските војници во североисточна Сирија, јавуваат американските медиуми. Инцидентот се случил оваа недела. Војниците не претрпеле сериозни повреди, претежно благи контузии и потреси, се вели во извештајот на Пентагон.
So the Fighter Bomber Instagram channel that posted this video claims the Russian Mi-8AMTSh helicopter in this video was hovering over American forces, presumably to try to disperse them or force them to move. 318/https://t.co/0iBHe4GlnT pic.twitter.com/LDebd2HlLP
— Rob Lee (@RALee85) August 26, 2020
Потврда за инцидентот доаѓа откако снимките од блиската средба помеѓу американските и руските сили се појавија на „Твитер“, на кои се прикажува возило, кое наводно припаѓа на руската страна како удира во американското, а биле следени од руски хеликоптер при низок лет.
Videos taken by the Russian MoD's Zvezda TV channel of the abandoned US base near Manbij. Russian journalists were escorted to the base by Russian military police.https://t.co/tymCrxk2M0 pic.twitter.com/5N3xolmlXO
— Rob Lee (@RALee85) October 19, 2019
Пентагон не ја потврди автентичноста на тие снимки, но во нацртот на нивната изјава потврдуваат дека имало намерно забивање на руското возило во возило што припаѓа на коалицијата, односно американски и сојузнички сили во Сирија.
„Неколку руски возила на несигурен начин ја почнаа потерата по Американците“, соопшти Министерството за одбрана на САД.
Иако Доналд Трамп нареди повлекување на американските сили од Сирија, сепак има околу 500 војници, претежно на североистокот на земјата. Заедно со противниците на режимот на Башар ал-Асад тие се борат со остатоците од Исламската држава и иако руските сили, кои се во сојуз со Асад, се во близина, досега секогаш се внимавало да нема блиски средби меѓу членови на светските суперсили.
Two more videos of Russian forces in Syria. Not sure if this video was also taken on August 24 before the fracas between Russian and American forces. The video shows a US MaxxPro MRAP, and Russian Typhoon-K, Tigr, Mi-8AMTSh, and Mi-35M. 316/https://t.co/H70Iz7dAke pic.twitter.com/BW0VLP324B
— Rob Lee (@RALee85) August 26, 2020
Изминатите неколку месеци Русите почнаа да навлегуваат сè повеќе на теренот што претходно го контролирале Американците обидувајќи се да ги истуркаат од земјата. Иако досега имало мали инциденти, тие биле исклучително ретки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

