Македонија
ЈСП: Денеска и утре зголемен број автобуси до Матка

ЈСП информира дека денеска, 27 август, во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка), во периодот од 17.30 до 23.30 часот, ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок, 28 август, од 7 до 18 часот.
Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.
Утре, 28 август, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов облачно време со дожд

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информира УХРМ.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое се однесуваше на страшната трагедија во Кочани, која однесе 62 млади животи и над 100 повредени. Според него, за несреќата се води селективна истрагата и се штитат актуелни функционери.
„После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, дека не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во министерството за внатрешни работи, државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност“, рече Трајчулески.
Според него, целокупното водење на истрагата само ја потврдуваат тезата за контаминираност на истрагата и обид со разводнување на истата да се прикрие директната одговорност на оние кои требало да превенираат и да спречат.
„Ширењето на истрагата со децении наназад е само обид да се задоволи јавноста за сметка на откривањето на директните виновници за пожарот во дискотеката. Неуспешен ќе биде обидот да се префрли целосната вина единствено на лица кои се индиректно врзани за последицата и кои биле носители на одредени функции пред повеќе од 10 години, а во исто време да не се повикаат на одговорност оние кои направиле сериозни пропусти во моментот на случување на несреќата“, рече Трајчулески.
Македонија
Локалните избори треба да се распишат во јули или август

Кон крајот на јули или почетокот на август треба да бидат распишани локалните избори, брифираше претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во врска со интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица, Гаши информираше дека се очекува да биде ставена на следната пленарна седница, на 29 април, како прва точка на дневниот ред.