Македонија
(Видео) Поцкова: Во Струмица ковид-тестови се прават во простории во зграда за домување, а не во здравствена установа
Во во станбена зграда во центарот на градот се наоѓа единствениот пункт во Струмица во кој земаат брисеви за Ковид-19. Просторијата во којашто се земаат брисeви е на општината, а внатре се вршат услуги за потребите на Центарот за јавно здравје, изјави Јадранка Поцкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во зградата има 8 станови, чиј влез е на само неколку метри од влезот на пунктот. Станарите од зградата, како и околните куќи, како и таксистите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надвор секојдневно чекаат луѓе кои се потенцијални носители на вирусот, особен што доаѓаат пациенти за контролни брисеви кои се позитивни на вирусот.
Иако влезот на пунктот каде што се земаат брисевите е од надвор, станарите на зградата со број 39 на улица Димитар Влахов се загрижени, бидејќи, како што велат, луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите на самиот влез.
Ништо не се менува во СДСМ. Продолжуваат со негрижа кон граѓаните, единствено што ги интересира се како да останат на власт и да продолжат со расипничкото однесување.
Толку ли министерот Филипче не може во цела Струмица да најде соодветна локација што нема да ги изложува на ризик граѓаните, туку мора единствениот пункт за земање брисови за Ковид-19 да е во станбена зграда, а Заев, кој беше долги години градоначалник на овој град, не може да најде соодветни простории за оваа намена.
Ова е недозволиво, срамно и неодговорно. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад безбедноста на граѓаните кои живеат во оваа околина и кои се изложени за ризици поради неспособноста на власта. Итно бараме министерот за здравство, Филипче, и поранешниот градоначалник на Струмица, Заев, да изнајдат нова и соодветна локација за оваа намена.
ВМРО-ДПМНЕ останува до крај да биде партнер со граѓаните и нивна поддршка до надминување на проблемите што им ги создава владеењето на СДСМ. Ние ќе доаѓаме и следните денови тука, до целосно решавање на проблемот, ќе доаѓаме да ги потсетуваме надлежните дека овој проблем на граѓаните мора да се реши. Но, ќе отидеме насекаде, ќе стапиме во контакт со секого со цел да ги осознаеме проблемите кои им се наметнуваат на граѓаните од владеењето на СДСМ“, порача Поцкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека никој не се нафаќа да биде дел од органите на Филипче, тој со Заев ја држат партијата во заложништво
Според ВМРО-ДПМНЕ, единствениот формален функционер во СДС, Венко Филипче, овие денови се соочува со бран незадоволство и непоборлив факт што никој не сака да биде дел од високите органи на партијата.
„Се повеќе луѓе се противат на идејата партијата да биде маша на бизнис крими интересите на Зоран Заев со единствен извршител Венко Филипче.
Партијата е поделена на кланови, на поединци и групи каде што најлојален за пари до Венко е Никола Спасов.
Токму затоа Никола Спасов спроведува сценарио на дефокусирање од вистината и напад со лаги и дезинформации за наводни мигранти и наводно сторен криминал во случајот Томовски. Ниското политичко ниво и изразената некултура во соопштенијата и пресовите на СДС треба да го одвлече вниманието од фактот што денес СДС е во заложништво на бизнис интересите на струмичката фамилија Заеви“.
Венко Филипче, додаваат од партијата на власт, не може да состави основна екипа со која ќе ја владее СДС, партија со само 130 илјади гласови, а камо ли утре да пледира да владее со цела држава.
„Овие денови гледаме како СДС само тоне и станува жртва на сопствената пропаганда. Венко го доуништува и она малку што остана од некогаш големата СДС“.
Македонија
(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, истакна денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„По ширењето на лажни вести, невистини и манипулации од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подготви Резолуција со која еднаш засекогаш ставаме точка на измислената тема на мигранти од страна на СДС.
Дозволете ми, да ви ги претставам 9-те точки од кои се состои резолуцијата.
1.Се осудува лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициските политички партии, со кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно постоење договори, политики или активности поврзани со прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови.
2. Се утврдува дека ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или трајни форми на сместување мигранти на територијата на општините во државата и дека такви активности не се и нема да бидат дел од владините политики.
3. Се констатира дека ваквите дезинформации се шират свесно и континуирано, и покрај јасните и недвосмислени ставови на надлежните институции, со цел создавање паника, нарушување на јавната стабилност и остварување краткорочни политички интереси на сметка на безбедноста и спокојот на граѓаните, што е спротивно со правилата на поредокот меѓу кои Кривичниот законик, Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и Законот за спречување и заштита од дискриминација.
4. Се отфрлаат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната Влада на Зоран Заев поврзани со создавање кампови за прием и нега на мигранти, кои беа спротивни на националните и државните интереси и ја изложуваа државата на безбедносни и општествени ризици.
5. Се потенцира дека меѓуетничките односи, стабилноста, толеранцијата и меѓусебното почитување се суштинска вредност на општеството и дека секое неодговорно политичко дејствување кое што може да ги наруши овие односи претставува сериозна закана за општествената кохезија.
6. Се потврдува определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право, при што ниту еден надворешен процес не смее да биде на штета на безбедноста и стабилноста на државата.
7. Се повикуваат сите политички субјекти и јавните чинители на одговорност во јавниот говор, почитување на фактите и воздржување од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат општествени тензии и да го нарушат јавниот ред и мир.
8. Се утврдува дека со оваа резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови и се воспоставува јасна, недвосмислена и непроменлива државна политика против нелегалната миграција.
9. Оваа резолуција стапува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе биде објавена во Службен весник“.
Со оваа Резолуција, нагласува Мицевски, се потврдува дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти.
Уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни.
Македонија
(Видео) Да се испитаат потеклото на парите на Томовски и донациите во ДПМНЕ: антикорупцискиот тим на СДСМ со пријава до ДКСК
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“.
„Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма. ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ“.
Оваа пријава, додаваат од СДСМ, ја поднесуваат со цел ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кои како што велат, во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари.
„Какво е потеклото на парите кој Томовски ги донира на ДПМНЕ? Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма? И веќе кога Томовски се огрдува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски? Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата? ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања.
Граѓаните се заситени од празни реторика на институциите и предмети кои користат за да се исперат функционерите на ДПМНЕ од одговорност“
Одговорност како што нагласуваат ќе има за секој инволвиран во криминал и корупција.

