Европа
Шпанската полиција уапси маж кој тврдел дека пандемијата е измама

Шпанската полиција уапси маж кој верува дека пандемијата на коронавирус е измама поради поттикнување на омраза и насилство. Според полициското соопштение, 38-годишниот маж тврдел дека здравствените работници и медиумите стојат зад она што тој го нарекува „ковид фарса“ и ги повикал неговите следбеници да ги напаѓаат политичарите и новинарите.
Тој на еден од налозите на социјалните мрежи напишал дека „сето ова ќе се реши со пукање во задниот дел на главата на шпанскиот премиер Педро Санчез“.
Во различни објави тој исто така навел дека седиштето на шпанската Лекарска комора треба да биде запалено, а оние што веруваат дека вирусот постои ги опишал како лоши и неуки луѓе кои заслужуваат да умрат, пренесува Ројтерс.
Полицијата додава дека осомничениот, претставувајќи се како државен службеник, се јавувал во домови за стари лица, болници и фудбалски клубови со цел да шири дезинформации за пандемијата.
Полицијата го лоцирала човекот, кого го опишале како „сериозна опасност“ за јавното здравје,недалеку од главниот град на покраината Арагон Сарагоса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешкиот претседател: Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за хакирање

Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за државно спонзорирано хакирање и шпионажа, изјави чешкиот претседател Петр Павел за „Фајненшл тајмс“.
„Пекинг и Москва се „еднакви во однос на сајбер заканата““, рече тој, додавајќи: „Сведоци сме на сајбер напади од двете страни, речиси на исто ниво“.
Минатиот месец, Чешката Република ја обвини Кина дека е одговорна за „злонамерна кибер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирани комуникации во нејзиното Министерство за надворешни работи.
Кина ги отфрли обвинувањата.
Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.