Спорт
Хамилтон со рекорд до пол-позицијата во Белгија

Луис Хамилтон шести пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата за трката на Големата награда на Белгија. Британецот денес со рекорден круг на Спа Франкошамп (1:41.252 минути) ја осови 93 пол-позиција во кариерата.
Конкурентите не можеа да го следат ритамот што го наметна Британецот со неговиот рекорден круг. Најблиску до него беа Валтери Ботас и Макс Ферстапен. Возачите на Мерцедес и Ред Бул имаа послаб резултат за половина секунда од Хамилтон. Покрај нив двајца помалку од една секунда зад Хамилтон задоцни уште само Даниел Рикардо од Ред Бул.
Меѓу најдобрите десет на стартот утре ќе бидат Албон (Ред Бул), Окон (Рено), Саинц (Мекларен), Перез (Рејсинг Поинт), Строл (Рејсинг Поинт) и Норис (Мекларен).
Квалификациите беа разочарувачки за Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел утрешната трка (15.10 часот) ќе започнат од 13 и 14 место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра за сезона

Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски.
За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во Саудиска Арабија, Полјакот рекол : Не.
„Мундо Депортиво“, повикувајќи се на неименуван поратал од Саудиска Арабија, објави дека понудата за Левендовски била 100.000.000 евра фиксно, плус бонуси, само за една година од договорот.
Левандовски е решен да ја нападне Лигата на шампионите со Барселона и да се обиде да ја одбрани титулата во Шпанија.
Зад оваа можност стои Пини Захави, влијателен менаџер, кој со години ја води кариерата на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Баерн, кој, како што се истакнува понатаму во текстот, ги поканил саудиските клубови повторно да се обидат во јануарскиот преоден рок или можеби следното лето.
Полјакот, Левандовски има договор со Каталонците до јуни 2026 година, со можност за обновување до летото 2027 година.
Foto/ EPA
Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас: Максимален фокус, Саудиска Арабија е сериозен ривал

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Izvot/ ffm.mk