Спорт
Иџе на второто место на легендарната Имола!

Игор Стефановски-Иџе по неуспешниот настап во вчерашната прва трка од ТЦР Италија шампионатот на легендарната патека Имола, денеска успеа да се искачи на подиумот и да го развее македонското знаме.
Со своето Хјундаи, по вчерашните проблеми, Стефановски имаше одлична трка за во конкуренција на 22 возачи од Италија да заврши на третото место зад Редуци и Тавано, но го доби второто место бидејќи Тавано имаше петсекундна казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Кливленд Квалирс загубија добиен натпревар, им пресуди тројката на Халибартон

Кошаркарите на Индијана поведоа со 2:0 во победи против Кливленд во второто коло од плејофот на Источната конференција на НБА. Индијана славеше против Кавалирс со 120:119.Ова е прв пат Пејсерс да ги добијат првите два натпревари од плејоф серијата на гостински терен од 1994 година, кога го добија првото коло против Орландо.
Херој на Пејсерс, во победата над најдобриот тим во Источната конференција, беше Тајрис Халибартон, кој погоди тројка за победа на 1,1 секунда до крајот на натпреварот. Пејсерс во последните 47,9 секунди постигнаа осум поени и забеележаа уште еден брејк, пред да ја преселат серијата на дмашен терен.
Халибартон постигна 11 од своите 19 поени во последните 12 минути од натпреварот.
Откако Ендру Нембхард го пресече лошо изведениот аут на Макс Струс на 27,5 секунди до крајот, Индијана се обиде да дојде до потенцијално израмнување, Халибартон беше фаулиран, го погоди првото слободно фрлање, но го промаши второто, фати офанзивен скока, потоа издрибла до линијата за три поени и погоди за победа.
Арон Нембхарт и Мајлс Тарнер ја предводеа Индијана до победата со по 23 поени, а покрај Тајрис Халибартон 19 поени постигна Бенедикт Матурин.
На Кливленд не му помогна ниту брилијантниот Донован Мичел кој постигна 48 поени и девет асистенции, а се истакнаа и Макс Страс со 23 и Џарет Ален со 22 поени и 12 скока.
Серијата се игра на четири победи, а следниот натпревар е во ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин е Индијана.
Спорт
(Видео) Голден стејт без Кари направи брејк во Минеаполис

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги победија Минесота Тимбервулвс со 99:88 во второто коло од плејофот на Западната конференција.
Голден Стејт Вориорс без Стеф Кари, славеа на теренот во Минеаполис. Кари го напушти натпреварот по нешто помалку од 13 минути на теренот откако почувствува болка во задната ложа.
Ќе му биде направена магнетна резонанца и иако се верува дека повредата не е сериозна, тренерот на Вориорс, Стив Кер, изјави: „Дефинитивно мислиме дека нема да може да игра во четврток. Сè уште не знаеме, но што се однесува до задната ложа, тешко е да се замисли дека ќе може да игра.“
Дури и без Кари, Голден Стејт одигра одличен натпревар во кој клучната предност ја стекнаа во втората четвртина и повеќе не ја испуштија. Предноста на гостите во третата четвртина изнесуваше максимални 23 поени, а Минесота успеа да го ублажи поразот само во последната четвртина.
Бади Хилд беше херојот. Одличниот шутер го замени повредениот Стеф Кари и ги предводеше Вориорс до победа со 24 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Друштво му правеше Џими Батлер кој постигна 20 поени со 11 скока и 8 асистенции, додека Дрејмонд Грин имаше 18 поени, 8 скока и 6 асистенции. Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 23 поени, 14 скока и 2 асистенции. Наз Рид уфрли со 19 поени, еден повеќе од Џулиус Рендл.
Спорт
(Видео) Бес во Барселона: Имаше фаул врз Мартин пред третиот гол на Интер

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4:3 по продолженија во спектакуларниот реванш од полуфиналето на домашен терен, со што се пласираше во натпреварот за титулата европски шампион со вкупен резултат од 7:6. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ – Арсенал, кои играат возвратно вечерва.
Франческо Ачерби постигна гол за Интер во третата минута од судиското продолжение за 3:3 и продолжение. Таму, во 99-тата минута, Давиде Фратеси постигна гол за конечен пресврт на Интер, победа од 4:3.
Барселона е револтирана од судењето на Шимон Марчинијак. Тренерот Ханси Флик, неколку играчи и навивачи на каталонскиот клуб и локалните медиуми тврдат дека тој ја проценил секоја сомнителна ситуација во корист на италијанскиот шампион.
Полскиот судија е особено критикуван затоа што не се огласил непосредно пред голот што го спаси Интер од пораз и испаѓање во третата минута од судиското продолжение.
Во таа ситуација, Интер беше во напад, но играчот на Барса, Жерар Мартин, пресретна додавање кое влезе во опасната зона на десното крило. Веднаш потоа, играчот на Интер, Дензел Дамфрис, стартува со десната нога врз десната нога на Мартин, додека играчот на Барса ја има топката. Мартин падна очекувајќи прекршок. Сепак, Марчинијак не досуди ништо, па во продолжението од акцијата Дамфрис на пред голот, каде Франческо Ачерби постигна гол за 3:3 и делириум на Меаца.
Во продолженијата Интер избори пласман во финалето на Лигата на шампионите. Барселона тврди – незаслужено, најмногу поради овој неказнет почеток.
Alleged foul on martin before inter equalised in the last minute.
byu/WhyChemistry insoccer