Спорт
Хамилтон и Мерцедес без ривали во Белгија, Ферари ниту блиску до поени

Луис Хамилтон ја забележа својата петта победа во седмата трка во 2020, на легендарната патека Спа во Белгија, доминирајќи од стартот до финишот во трка во која најголем противник му беше трошењето на гумите во последните кругови.
И покрај ова, Хамилтон до својата 89. победа во кариерата и четврта во Спа, стигна пред својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас и пред Макс Ферстапен во Ред бул, кој овојпат немаше решение за брзината на „сребрената стрела“. Со пет победи во седум трки, тешко е да се верува дека некој ќе успее да го предизвика Хамилтон да се „прошета“ до својата седма светска титула, со која би се израмнил со рекордерот Михаел Шумахер.
Даниел Рикардо беше четврт за изненадувачки брзиот Рено и освои дополнителен поен за најбрз круг, пред колегата Естебан Окон (Рено), Александер Албон (Ред бул), Лендо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури) и двојката на Рејсинг поинт, Ленс Строл и Серхио Перез во поени.
Ферари, како што беше очигледно во текот на целиот викенд, имаа мизерна трка, во која повеќе пати беа претекнувани од најразлични болиди и на крајот Себастијан Фетел беше на 13. место, а Шарл Леклер на 14. во трка која ја комплетираа 17 возачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем Форест го потврдија МекАти и го финализира трансферот на Даглас Луиз

Нотингем Форест со два трансфери ќе го затвори преодниот рок. Сезоната „шумарите“ ќе се натпреваруваат во Лига Европа.
Горест досега го напуштија Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а во клубот пристигнаа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Хесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич.
Клубот доцна синоќа го потврди трансферот на Џејмс МекАти. Англискиот играч за врска доаѓа од Манчестер сити во трансфер вреден 35,4 милиони евра. Сити вклучи клаузули во договорот за право на откуп и процент од идните продажби, објави Фабрицио Романо.
Последното засилување треба да биде Даглас Луиз кој не се снајде во Јувентус и се очекува по само една сезона да се врати во Премиер лигата.
Фудбалерот се договорил со Нотингем, останува истото да го сторат и клубовите.
„Шумарите“ понудила околу 30 милиони евра и одередни бонуси, а сето тоа би можело да биде доволно за Јувентус да го затвори овој трансфер.
Спорт
(Видео) Нокаутот за кој зборува целиот свет

Лерон Марфи го победи Арон Пик со спектакуларен нокаут на УФЦ 319 настанот во Чикаго.
Потегот за кој се зборува на социјалните мрежи, нокаутот за кој зборува целиот свет – ударот со лактот од вртење (spinning elbow) на Марфи го остави Арон Пик во несвест.
Борбата во перолесна категорија беше најавена како потенцијален елиминационен дуел за предизвикувачот против Александар Волкановски. Марфи можеби го зацврсти тоа место со нокаут на 3:21 од првата рунда.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера.
Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес.
Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути.
Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата минута, но домашните сметаа дека голот е нЈрегуларен. На почетокот од акцијата, се чини дека топката излезе надвор, пред Ламин Џамал да ја собере и да ја продолжи играта.
El gol de Raphinha viene de un balón que recupera Lamine Yamal que sale por banda.
Es una vergüenza de LIGA desde el primer partido 🤢🤢🤢🤢pic.twitter.com/ZGqXVU305s
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) August 16, 2025
Во 23-та минута, Феран Торес, постигна гол од околу дваесет метри, но откако претходно судијата не ја прекина играта бидејќи еден играч на Мајорка остана да лежи на теренот откако топката го погоди во главата.
Судијата Мунуера беше во центарот на вниманието во судиското продолжение од првото полувреме, кога го казни Рафиња за особено остар и невнимателен старт само со жолт картон.
Comment tu met pas rouge à Raphinha là ??? pic.twitter.com/AdcTnSratT
— Kenpachi (@Kenpachi1070) August 16, 2025
Не беше реално Мајорка да му наштети на шампионот во вториот дел со деветмина на теренот. .
Јамал го постави конечниот резултатво четвртата минута од судиското продолжение.
Барселона ќе го пречека Леванте во следната рунда, додека Мајорка ќе ја пречека Селта Виго.
Foto/ EPA