Црна хроника
Се судрија „бе-ем-ве“ и мотор, повредено 16-годишно момче во Прилеп
Синоќа во 21:00 часот било пријавено дека на крстосницата од кеј 9 Септември и ул. Сотка Ѓорѓиоски во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бе-ем-ве“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(52) од Скопје и мопед „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп.
Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

