Македонија
11 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починале 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 3, Куманово – 1, Тетово – 1, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 1, Берово – 1, Виница – 1, Делчево – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје – 44, Штип – 16, Прилеп – 3, Велес – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Виница – 3, Свети Николе – 11, Кичево – 1, Неготино – 1.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51 години), пациент од Прилеп (65 години) и пациентка од Виница (78 години). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5903, активни 812
• Куманово 1472, активни 379
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1134, активни 132
• Прилеп 463, активни 111
• Тетово 1211, активни 164
• Струга 562, активни 60
• Велес 270, активни 29
• Битола 203, активни 39
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 76
• Гостивар 791, активни 236
• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 19
• Крива Паланка 47, активни 18
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 145, активни 27
• Пробиштип 80, активни 13
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 16
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 58, активни 49
• Валандово 9, активни 2
• Виница 71, активни 33
• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 4
• Свети Николе 288, активни 53
• Кичево 269, активни 65
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-52, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со PCR-метода -143, лабораторија Лаор – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 7, ГАК – 16, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).
• Чаир – 104
• Гази Баба – 99
• Аеродром – 99
• Карпош – 85
• Центар – 76
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 50
• Бутел – 58
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 26
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 5
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3
• Странец – 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик“, велат од ДУИ.
„Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без елементарна безбедност за себе и за своите семејства.
Ова не е само социјална неправда – ова е намерна стратегија за уништување на институцијата, со цел да се натераат обучените и лиценцирани инспектори да ја напуштат својата работа, а со тоа да се парализира системот на контрола.
Оваа акција е само една етапа од поширок, координиран напад врз статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија.
• Најпрво беше одземена независноста на Инспекторатот, ставајќи го под надлежност на Министерството за правда, со што институцијата беше ставена во политичка зависност.
• Потоа следеше системско игнорирање на законот од страна на институциите,
• Министерствата, јавните претпријатија и нивните веб-страници се исчистени од содржини на албански јазик,
• А сега, се удира и по самата институција која е формирана да го штити законот.
Истовремено, Уставниот суд го разгледува Законот за јазиците под притисок, со можност да се поништат неговите клучни одредби.
Ова не е случајна негрижа. Ова е смислена операција за демонтажа на целиот систем изграден околу службената употреба на албанскиот јазик.
Ова е момент што не трпи молк. Секој што молчи денес, ќе биде соучесник утре.
Нашиот повик е до сите – без разлика на етничка припадност, политичка ориентација или позиција во општеството. Претставници на граѓанскиот сектор, граѓани, интелектуалци, медиуми, меѓународни партнери – сега е времето да се крене гласот.
Албанскиот јазик не е симболика. Тој е уставно право, еднаквост, мир и достоинство“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.