Македонија
СДСМ: Мицкоски не успеа, твоите незрели политики се поразени по трет пат од граѓаните
Разбирлива е нервозата и очајот кај Христијан Мицкоски по третиот последователен изборен пораз што го доживеа, соопшти СДСМ.
„Но, и месец и половина од изборниот пораз, Мицкоски сè уште не може да се помири со тоа што граѓаните уште еднаш го казнија за неговото незрело, несериозно и неодговорно однесување.
Губитникот Мицкоски по секој пораз бара алиби, се заканува со протести кои потоа мора да ги откажува затоа што граѓаните одамна не му веруваат.
Колку и да му е тешко, Мицкоски мора да сфати дека граѓаните не сакаат незрели, неодговорни политичари како него, кои го штитат криминалот и работат спротивно на интересите на граѓаните.
Мицкоски не успеа. Твоите назадни, незрели и антидржавни политики се поразени од граѓаните трет пат по ред.
Самиот Мицкоски јавно даваше збор дека ќе си поднесе оставка ако не успее да победи и да состави влада, затоа денеска нека не глуми прогнозер.
Татковината продолжува напред, на чело со Зоран Заев и СДСМ, поразениот Мицкоски останува назад.
Во полн четиригодишен мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

