Спорт
Уште еден Бразилец во Арсенал – пристигнa Габриел
Арсенал го комплетираа трансферот на бразилскиот дефанзивец Габриел Магаљаеш од Лил за 26 милиони евра, носејќи го првото големо засилување на „Емирати“ во летниот преоден рок.
22-годишниот Габриел беше редовен првотимец на францускиот тим кој лани стигна до четвртото место на табелата пред предвремениот крај на сезоната, а исто така ги одигра и шест меча во Лигата на шампионите.
„Се работи за фудбалер кој го надгледуваме подолго време и за кого беа заинтересирани повеќе клубови. Габриел е висококвалитетно засилување и Микел Артета и неговите помошници се подготвени да го интегрираат во клубот“, вели техничкиот директор на тимот, Еду.
? This is Arsenal calling!
? Join us for a very special video call…
?? @DavidLuiz_4
?? @WillianBorges88
?? ❓ pic.twitter.com/O3WcU7SeN7— Arsenal (@Arsenal) September 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нестварна секвенца на Мекси, ја спаси Филаделфија од елиминација
Неверојатната партија на Тајрис Мекси ги обележа плеј-оф натпреварите одиграни во Источната конференција.
Филаделфија победи во Њујорк по едно продолжение со 112:106 и го намали резултатот во серијата на 2:3.
Тајрис Макси го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ во последните 25 секунди. Бекот на Севентисиксерс, најпрвин погоди тројка под фаул, потоа Џош Харт на спротивната страна реализираше едно слобоно фрлање, а во последните напа Мекси погоди тројка од 10 метри и избори продолжение.
Во продолженијата шокираните играчи на Њујорк немаа никакви шанси.
Мекси натпреварот го заврши со 46 поени, пет скока и девет асистенции. Го следеа со по 19 поени Џоел Ембид и Тобајас Херис. Ембид имаше и 16 скокови и 10 асистенции.
На спротивната страна Џејлен Брансон заврши со 40 поени.
Кошаркарите на Милвоки на домашен терен ја победија Индијана со 115:92 и намалија на 3:2 во првото коло од плејофот на Источната конференција.
Повторно го немаше Јанис Адетокумбо, но овојпат тимот од Висконсин успеа да најде начин целосно да го уништи тимот на Пејсерс.
Ослабените Бакс до победата ги предводеа Крис Мидлтон и Боби Портис со по 29 поени. Портис забележа и 10 скока, а Мидлтон 12 скока и пет асистенции и беше клучен фактор во победата.
Кај поразениот тим најефикасен беше Тајрис Халибартон со 16 поени, но далеку од тоа да го спречи убедливиот пораз на својот тим.
Индијана ќе има „меч-топка“ на следниот натпревар кој е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а во кој е домаќин.
Кливленд води против Орландо со 3:2, откако славеше победа со 104:103.
Еван Мобли на шест секунди до крајот го блокира Франц Вагнер и го однесе Кливеленд до победата.
Шестиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во петок кога домаќин ќе биде Орландо.
Во евентуалниот седми, Кливленд повторно ќе ја има предноста на домашниот терен.
Спорт
Надал му кажа збогум на Мастерсот во Мадрид
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал емотивно се прости од Мастерсот во Мадрид, за кој истакна дека му бил е поважен од Грен слем турнирите.
Надал во третото коло загуби од Јиржи Лехечка (5:7, 4:6) и го одигра последниот професионален меч во шпанската прстолнина.
„Ова е шега, се враќам следната година“, го започна својот говор Рафа и ја насмеа публиката која најмногу плачеше.
„Тежок ден за мене, но животот и телото ми испратија сигнали дека е вистинското време. Можам само да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа во кариерата во одреден момент. Се надевам дека успеав да бидам добар пример за новите генерации. Тоа е поважно од титулите. Се надевам дека предизвикав позитивни емоции. Единствено што можам да кажам е благодарам”, изјави Рафа.
Тој призна дека не е сигурен дали ќе може да игра на Ролан Гарос, но дека ќе биде во Рим.
„Сакам да играм во Рим. Ќе работам напорно за тоа да се случи. Тоа е еден од најважните турнири во мојата кариера, го освоив 10 пати”, изјави Надал.
Спорт
(Видео) Без победник во Минхен, Реал е поблиску до големото финале
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ во Минхен, Реал се спаси од пораз во 84.минута, кога Винисиус Жуниор од пенал го изедначи резултатот. Претходно, Бразилецот погоди за Реал во 24.минута, а Баерн во вториот дел, во само четири минути со головите на Сане и Кејн од пенал, направи пресврт.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше извонреден, онака како што двете екипи сезонава играат во Лигата на шампионите.
На крајот заврши без победник, што пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ му носи поголема предност на „кралскиот клуб“.
Сепак, Баерн покажа дека не е за отпишување и ќе има што да каже за осум дена во шпанската престолнина.