Свет
Активни три вулкани, загрозен авиосообраќајот во Русија

Активностите на три вулкани на Курилските Острови и на Камчатка би можеле да го загрозат авиосообраќајот. На тоа денеска предупреди Серускиот научно-истражувачки институт за јавна безбедност и вонредна ситуација во руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштение се наведува дека активностите на трите вулкани претставуваат потенцијална закана по меѓународниот и локален авиосообраќај, пренесува ТАСС.
Руските експерти исто така предупредуваат дека наноси на пепел и камења можат да ја загрозат безбедноста на патниот сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Илјадници луѓе се молат за папата Франциско на плоштадот Свети Петар

Илјадници католици присуствуваа на молитвата за папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан во знак на почит на поглаварот на Римокатоличката црква кој почина во понеделникот.
Голем број новинари се собраа во близина на плоштадот, кампуваа да ги следат случувањата околу погребот на папата.
Thousands pray for Pope Francis in St. Peter's Square pic.twitter.com/wm6VVNCC51
— Catholic Arena (@CatholicArena) April 21, 2025
Папата Франциско (88) почина во понеделникот рано наутро од последици на мозочен удар и срцева слабост.
Последното збогување ќе се одржи во сабота на 26 април, по миса што ќе започне во 10 часот по локално време. Ковчегот ќе биде пренесен во базиликата Света Марија Велика во Рим каде ќе биде погребан папата.
Папата е роден во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година од родители италијански имигранти. Студирал во Аргентина, а подоцна и во Германија.
Во текот на повеќе од една деценија од неговото папство, папата Франциско се обиде да ја реформира бирократијата на Ватикан, да се справи со корупцијата и да одговори на некои од најитните предизвици на Црквата.
Иако беше пофален за неговата понизност и посветеност на социјалната правда, неговото раководство, исто така, наиде на жестоко противење од конзервативците во и надвор од Црквата.
Свет
Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места на северот на Израел. „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал“, објави војската на Телеграм.
Од почетокот на војната во Газа, која започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хутите во Јемен поддржани од Иран извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз Израел.
Овие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите ги продолжија нападите откако Израел ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март.
Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.